Како да разговараме со децата од предучилишна возраст
Комуникацијата преку разговор со децата од предучилишна возраст треба да ја прилагодуваме според детската возраст, нивните интереси и колку умеат да ја разберат темата на разговорот. Возрасните треба да користат едноставен и јасен јазик, користејќи кратки , едноставни реченици и зборови кои се соодветни со возраста на детето. Кога разговараме со детето треба да се […]
Преку цртежот да ѕирнеме длабоко во детскиот свет
Цртежот е најнепосредниот начин со кој детето комуницира со возрасните, особено со своите родители и педагози. Тоа е основно средство да ја изрази својата волја, среќа, впечатоците, но и непријатните чувства како нелагодност или страв, што понекогаш е и невербален обид да побара помош. Важно е да се знае да се препознаат пораките од цртежот […]
Влијанието на летните одмори врз развојот на децата од 3 – 6 години
Летните одмори овозможуваат физички , емоционален и социјален развој кај децата од 3- 6 години. За време на летните одмори се вклучуваат активности на отворено како пливање, игри на плажа, шетање во природа, возење велосипеди, тротинети и други спортски активности, преку кои се подобрува ситната и крупната моторика, координација на телото и се поттикнува физичката […]
Говорното нарушување кое се карактеризира со повторување на зборови , продолжување на гласови или пак застој во говорот е пелтечење и го прави говорот неправилен. Пелтечењето се јавува често во нормалниот развој на говорот помеѓу втората и петтата година . се случува кај некои деца пелтечењето да трае подолго и да стане хронично. Причини за […]
Приврзаноста на децата од најрана возраст
Раното поврзување е темел на кој покасно се гради понатамошниот однос во животот – пријателскиот , партнерскиот и односот со сопствените деца. Да се биде родител е најважна и најодговорна улога во животот. Посветувањето на детето во првите години од животот овозможува основа за здрав и безгрижен развој Приврзаноста е трајна емоционална врска и е […]
Како да го поттикнеме развојот на говорот
Уште при првата средба на детето со родителите се прави контакт со слушање на гласови, допир, чуствување на взаемната миризба и хранење на бебето. Детето го препознава гласот на мајката , бидејќи и претходно тоа ги слуша звуците што ја опкружуваат пред раѓање. По раѓањето мајката со пеење, зборување на детето со милозвучен и тивок […]
Развојот на говорот започнува во текот на бременоста пред раѓање. На родителите им се препорачува уште во бременоста да им зборуваат и пејат на децата и на тој начин да градат поврзаност со детето. Во различни развојни периоди детето го усвојува јазикот и способноста за говор. Разбирањето на говорот се развива побрзо кај децата од […]
Физичкиот развој кај децата во рана возраст е значаен за нивното здравје и општата состојба. Тој е основа за развивање и стекнување на многу вештини, способности, интереси и ставови кои ќе влијаат на целиот нивен понатамошен живот. Растот и развојот се однесуваат на физичките промени и се дел од нивниот природен процес. Децата од раѓање […]
Развојот на мислата кај децата во раниот детски развој
Како да го отвориме прозорот на светот на децата за размислување и фантазија. Едно новородено дете светот околу себе го доживува на поразличен начин од возрасните. Возрасните забораваат дека во еден период од животот не знаеле колку се еден и еден и дека кога ќе си го покриеме лицето размислуваме дека го снемува другиот. За […]
Социјалните вештини децата ги учат уште со раѓање , а родителите и детските установи со својот пример и развивање можности за учење го потикнуваат детето да ги развива и исполнува своите потенцијали. Однесувањето кое помага во создавње социјална интеракција и квалитетен однос го викаме социјална вештина.Социјалните вештини кај детето ги забележуваме преку начинот како комуницира, […]
Да детето биде самоуверено , тоа значи да се сака и себеприфаќа. Важна улога во првите години од животот имаат родителите, а потоа учителите, врсниците и другите лица со кои комуницира. Најважно е детето да знае дека родителите безусловно го сакаат. Тие може да критизираат некое однесување на детето , но и да му понудат […]
Децата кои со своето однесување се насилни кон врсниците (во градинките) , тоа може да го прават од различни причини. Тие не познаваат подобар начин за справување со проблемите во меѓусебната игра. Не умеат да ги препознаат своите емоции и правилно да ги користат , соочени се со постојан стрес или се склони да ги […]
Меѓуврсничко насилство – Препознај, помагај, превенирај
Меѓуврсничкото насилство ни се случува овде и сега, наше е да го препознаеме, да поогнеме да се надмине и да превенираме повторно да не се случи Ненасилството е најголема сила со која располага човештвото – Ганди Уште од предучилишна возраст, во градинките, децата се жртви на булинг-меѓуврсничко насилство. И тоа можеби не свесно и не […]
“Енергијата и упорноста – истрајноста ги освојуваат сите нешта”. – Бенџамин Френклин Истрајноста е една од клучните вредности, кои се суштествени и најзначајни за животот на човекот. Покрај почитта, довербата, одговорноста, трудољубивоста, клучен фактор за потполност на вредносниот систем е истрајноста. Да бидеш истраен, да бидеш упорен, да настојуваш да ја оствариш замислената цел е […]
Креативност – Смеј се и светот ќе се смее со тебе, фантазирај и светот ќе биде твој
Креативноста е модел, начин да избегаме од секојдневната рутина, да направиме нешто поразлично од другите, да се исаткнеме со свој стил, едноставно да бидеме поинакви и свои. Креативно дете е дете кое фантазира, сонува, го „бои светот“ со боите на виножитото, црта, пее, игра на свој сопствен начин, креативното дете е дете на слободата, уметноста […]
“Најважното нешто е да HE престанеш да поставуваш прашања. Љубопитноста има сопствена причина за своето постоење” – Алберт Ајнштајн Љубопитноста како вредност, љубопитноста како карактерна особина, љубопитноста како иницијатива да се дознае, да се разбере, да се научи, е најспецифична за детската возраст. Често пати се вели: Љубопитните очиња ѕиркаат низ прозорец. За дечињата, во […]
Значењето и развојот на говорот кај децата
Зборот, реченицата, говорот се едни од најзначајните компоненти кои придонесуваат за правилен развој на детето. Да го научиш детето, од најрана возраст, да ги изговара зборовите правилно, да настојуваш да формулира реченици соодветни за неговата возраст, да работиш преку примери, сказни и емисии, кои се прикладни на детскката возраст, е непроценливо богатство за развојот на […]
Љубов, насмевка и благодарност. Вредности кои секое дете треба да ги добие од своите родители!
Совремието во кое денес живееме и ги воспитуваме и едуцираме нашите деца, носи нови предизвици и методи и техники, кои се во склад со инвентивните модели на родителство и соодветствуваат со новото време. Но , за жал се подзабораваат оние убави и традиционални вредности, кои ја даваат топлината и душата на воспитувањето. Добро е да […]
Читај, сонувај, откривај, раскажувај
Литературата за деца е една од најубавите и продуховени литератури, бидејќи јазикот на кој е пишувана е едноставен, лиричен, лесен, сознаен и достапен за секое дете. Книгата која му се дава на детето да ја прочита, кај него побудува низа убави емоции и носи позитивни моменти. Книгата, тоа шаренило од зборови, бои и ликови кај […]
Зошто децата не сакаат да делат, и што можеме да направиме во врска со тоа?
Зошто споделувањето е важно? Децата треба да научат да споделуваат за да можат да создадат и задржат пријателства, да научат да преговараат, чекаат ред и да се справат со разочарувања. Споделувањето ги учи децата на компромис и праведност. Тие учат дека, со тоа што ќе му дадат некому нешто, може исто така да добијат за […]
Постојат три елементи на родителската дисциплина. Првиот е стратегијата која се користи, односно што родителот прави. Следниот елемент е афектот кој ја следи техниката, како на пример, топлината, лутината или ладниот однос. Конечно, постои и степен на контрола која што родителот ја покажува и може да оди од потполно занемарување, до целосна доминација. Ова се […]
Игри за споделување на емоции со помали деца
Две години: Искористете ја секоја прилика додека му читате на Вашето дете да споделите со него како ликовите во приказната се чувствуваат во одреден момент. Пр. Мислам дека Пепелешка е многу тажна што неможе да оди на балот. Три години: БАЛОН НА ЛУТИНА Се земаат неколку црвени балони (или боја по желба на детето). Му […]
Проблемите со менталното здравје, кои вклучуваат широк спектар на состојби, често имаат свои корени во раното детство. Уште од најмала возраст, децата треба пред се да бидат свесни за своите чувства и емоции, а разговорот за истите никако не треба да биде табу тема. Детето треба да знае дека чувствата се поврзани со мислите и […]
Поттикнување на развојот на децата на возраст од 4 до 6 години
Децата од 4 до 6 години почнуваат да ја развиваат својата независност, да формираат вистински пријателства, да ги учат правилата на игра и развиваат важни животни вештини. Ова е период кога тие почнуваат да го истражуваат светот надвор од нивниот дом. Ова е возбудливо, но знае да биде и страшно! Неколку совети како да им […]
Имањето на искуства кои се забавни и исполнети со уживање им помагаат на децата да најдат значење на она што го прават или учат и придонесуваат за нивно активно учество, размислување и социјални интеракции кои се основа на доживотно учење. Учењето преку игра им помага и на децата и на возрасните да се справат со […]
Kако пред тоа, на почетокот и откако детето ќе почне да ја посетува градинката Почеток со градинка, што да очекувате Детето најверојатно се чувствува возбудено како и нервозно за почетокот на градинката Ти како родител може да чувствуваш збрка од гордост, возбуда, неизвесност и анксиозност Пред да почне детето со одење во градинката Посетете ја […]
Зошто градинката е добра за вашето дете?
Учи социјални и комуникациски вештини Се стекнува со знаења Создава пријателства со деца и гради врски со возрасни лица Развива физички вештини Развива вештини за решавање проблеми Развива одговорност, самостојност, самодоверба и гради слика за себе Се подготвува за поаѓање во училиште Бројни истражувања ни даваат докази дека посебното внимание кон развивање на пристапот кон […]
Специјално време поминато со тато
Како татко имаш огромна улога во животот на детето. Секојдневната и квалитетна комуникација ќе остават печат во животот на детето и ќе придонесеш врз неговиот развој. Биди колку што можеш поприсутен во неговиот живот уште од првиот ден. И двајцата родители можат, и треба подеднакво да придонесат во целосниот развој на детето, во секој негов […]
Детето нека учи од секојдневието
Во текот на целиот живот учиме од секојдневните предизвици со кои се сретнуваме самите, или луѓето од нашето опкружување. Кај децата, ова е уште поинтензивен процес, бидејќи тоа се нивните први среќавања со „реалниот“ живот. Дозволете им да ја искористат шансата да научат од секојдневните ситуации, или уште подобро, зграпчете ја шансата заедно! Исполнете ги […]
Справување со негативни емоции
Кога сме мали деца многу работи ни изгледаат „како да е крајот на светот“. Добро е да ја увидиме ситуацијата од детска перспектива и да се обидеме да сфатиме како се чувствуваат тие. Како возрасни луѓе кои се грижат за нив треба да им помогнеме да научат да се справат со негативните емоции и да […]