Родителска дисциплина

Постојат три елементи на родителската дисциплина. Првиот е стратегијата која се користи, односно што родителот прави. Следниот елемент е афектот кој ја следи техниката, како на пример, топлината, лутината или ладниот однос. Конечно, постои и степен на контрола која што родителот ја покажува и може да оди од потполно занемарување, до целосна доминација.

Ова се четири типови на родителски стилови:

  • Авторитарен, односно родител насочен кон моќ, има високи очекувања и барања, контрола и неговиот збор е последен. Имплицитната порака гласи, „Направи она што се бара од тебе, бидејќи ЈАС реков така!“. Ако родителската дисциплина е со казни и отфрлање, децата стануваат агресивни, некооперативни, исплашени од казни и склони кон обвинување на другите. Имаат ниска иницијатива, недостаток на самодоверба, лесно се конформираат и се склони кон депресија и анксиозност.
  • Попустлив родител е емоционално топол, без големи барања или очекувања, насочен кон детето и нема обид за контрола кон него. Последица е себично, зависно, неодговорно, агресивно и „размазено“ дете.
  • Занемарувачки родител е рамнодушен, незаинтересиран и насочен кон себе. Ваквото незаинтересирано родителство создава подлога за антисоцијална агресија и малолетничка деликвенција. Детето станува импулсивно, со променливо распаоложение и недостаток на долгорочни цели.
  • Авторитативен родител поставува стандарди кои важат за зрело однесување, и од детето се очекува да се придржува до нив, но се поставени заедно со детето. Родителот е доследен, отворен за комуникација, спремен да го сослуша детето и му се битни мислењата надетето. Овие деца имаат самодоверба, самоконтрола, сигурни во себе и се љубопитни.

Литературата за родителската дисциплина ни дава одредени насоки кои се однесуваат на дисциплината која што е штетна. Екстремните облици на отфрлање, бруталност, занемарување и попустливост треба да се избегнуваат. Недоследните промени, занемарувањето и грубите казни, обично носат до антисоцијално однесување, детето не добива љубов која што би ја оправдала самоконтролата, додека родителското казнување поттикнува побуна, и служи како модел за импулсивно непријателство. Претераната благост, со малку забрани, доведува до тоа детето да биде дрско, захтевно и без почит во домот, со заповеднички став кон врсниците и малку пријатели.

Се чини  дека не постои апсолутен одговор на прашањето кој тип дисциплина е најдобар, едноставно треба да го пронајдете вистинскиот баланс, цврст но фер став. Дисциплината му помага на детето да научи како да се однесува, и како да не се однесува. Најдобро функционира кога вие и вашето дете, имате врска полна со љубов и топлина.