• A  A  A  A  

Основни информации

Проектот за подобрување на социјалните услуги во Република Северна Македонија (ППСУ) се спроведува врз основа на наменскиот заем кој Владата на Република Северна Македонија го доби од Светска Банка. Заемот е со вредност од 28,7 милиони евра, а Проектот треба да се реализира во временски период од октомври 2018 година до јуни 2024 година. Импелементатор на Проектот е Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија.

Цел

Проширување на пристапот до социјалните услуги и подобрување на квалитетот на социјалните услуги, вклучувајќи ги услугите на установите за згрижување и воспитание на деца и оние наменети за ранливите групи. ППСУ ќе помогне во решавање на предизвиците кои се поврзани со социјалната исклученост на ранливите групи со цел поголема заштита на децата и подобри социјални услуги преку мерки за подобро предучилишно образование и креирање услуги за потребите на граѓаните.

Проектот ќе придонесе кон крајните цели на Владата на Република Северна Македонија за ублажување на сиромаштијата и зајакнување на човечкиот капитал преку зајакнување на целокупниот систем за испорака на социјална заштита и поголема достапност до услуги и тоа не само за постојните приматели на социјална помош туку и за други ранливи групи граѓани, односно за сите кои имаат потреба од нив. Ова ќе поттикне и создавање на нови работни места и вработување во секторот кој обезбедува социјални услуги. Исто така, Проектот ќе помогне во ублажување на сиромаштијата и зајакнување на човечкиот капитал со инвестирање во квалитетно рано образование за децата од предучилишна возраст и нивните семејства и со поддршка на преминот во основно образование.

Овде може да пристапите кон главните проектни документи.

Очекувани клучни резултати

  • Зголемен пристап до социјални услуги во домот и во заедницата од страна на сиромашните и ранливите групи
  • Подобрување на пристапот и ефикасноста на придобивките од социјалната помош и испорака на услуги преку развој на интегриран информационен систем (ИТ систем) за социјална заштита
  • Обезбедување подобар квалитет на раното детско згрижување и воспитување
  • Подобрување на пристапот и интересот за услугите поврзани со раното детско згрижување и воспитување

Компоненти на проектот

КОМПОНЕНТА 1

Промовирање на социјалната вклученост преку подобар пристап до парични надоместоци и услуги

КОМПОНЕНТА 2

Проширување на пристапот и подобрување на квалитетот во системот за згрижување и воспитание

КОМПОНЕНТА 3

Управување со проектот, следење и евалуација