Промовирање на социјалната вклученост преку подобар пристап до парични надоместоци и услуги
Оваа компонента има цел да се зајакне целокупниот систем на обезбедување социјална заштита. Предвидените активности се насочени кон промовирање на социјално вклучување преку зголемен пристап до парични надоместоци и услуги за ранливите категории граѓани кои се во системот на социјална и детска заштита, но и за оние кои не се опфатени со сегашниот систем на надоместоци и услуги. Проектот поддржува воспоставување и проширување на превентивни мерки и социјални услуги во домот и во заедницата.
Оваа компонента предвидува доделување грантови за развој на социјални услуги на локално ниво. Ова треба да придонесе кон проширување на понудата на социјални услуги, вклучувајќи и интервентна помош, помош на лице или семејство, помош и нега во домот и лична асистенција, дневна грижа, привремена грижа, сместување во згрижувачки семејства, поддржано живеење и други иновативни видови услуги согласно потребите на корисниците. При изборот на проекти посебен фокус е ставен на оние услуги кои се насочени кон маргинализираните групи (пример: Ромите).
Зголемените активности на терен од страна на надлежните институции (центрите за социјална работа и други институции на локално ниво) треба да резултира со зголемување на бројот на апликации за социјални услуги и зголемена поддршка за лицата кои живеат во сиромаштија и за ранливите категории граѓани.
Овде може да пристапите кон документите поврзани со Компонента 1.
Оваа компонента се реализира преку четири поткомпоненти: