• A  A  A  A  
КОМПОНЕНТА 2

Проширување на пристапот и подобрување на квалитетот во системот за згрижување и воспитание

Оваа компонента има цел да го зголеми пристапот до квалитетни услуги за ран детски развој, со посебно внимание кон децата во социјален ризик од материјална необезбеденост, децата со посебни потреби и деца од ромски семејства. Активностите наменети за подобрување на услугите за предучилишно образование (за деца на возраст од 3 до 6 години) се фокусираат на зголемување на пристапот до квалитетни и енергетски ефикасни предучилишни установи и обезбедување најдобри можности за учење соодветно на возраста, истовремено поддржувајќи го процесот на транзиција кон почетното основно образование. Активностите ќе се фокусираат на поттикнување на родителите и семејствата во насока на поддршка на холистичкиот развој на децата. Тоа ќе се прави преку едукација за исклучителната важност на развојот на децата во раните години (во периодот до 6-годишна возраст).
На општините ќе им бидат доделувани грантови за изградба на нови детски градинки/центри за ран детски развој, проширување на постоечки капацитети на детските градинки и центрите за ран детски развој или пренамена на постојните објекти во установи за деца или групи во други просторни услови. Усвоен е нов пристап за просторните услови, односно воспоставени се нови стандарди и нормативи за градинките, со што просторот во кој децата престојуваат треба да биде уреден согласно нивните потреби за движење и поттикнување на учење преку игра.

Во рамките на оваа компонента исто така ќе се имплементираат активности за зголемување на квалитетот на услугите во установите за згрижување и воспитание, преку унапредување на наставните програми, обуки на кадарот и друго.

Овде може да пристапите кон документите поврзани со Компонента 2.

Овде може да пристапите кон совети за ран детски развој

Оваа компонента се реализира преку следните поткомпоненти:

  • Доделување грантови за изградба, пренамена или реконструкција на установи за згрижување и воспитание наменети за локалните самоуправи
  • Креирање на најсоодветен пристап/формула кој ќе го подобри квалитетот на предучилишното образование, ќе ги запази принципите на енергетска ефикасност и рамномерно искористување на ресурсите, а воедно ќе овозможи полесен пристап на сиромашните семејства до овие услуги
  • Зајакнување на капацитетот на кадарот во установите за згрижување и вопитание и развој на алатки за едукација
  • Кампања за подигнување на јавната свест за важноста на раната едукација и важноста на улогата на родителите во раниот детски развој

МАПА СО АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНИТЕ

За повеќе информации во врска со статусот во реализацијата на активностите од Компонента 2