Меѓуврсничко насилство – Препознај, помагај, превенирај

Меѓуврсничкото насилство ни се случува овде и сега, наше е да го препознаеме, да поогнеме да се надмине и да превенираме повторно да не се случи

Ненасилството е најголема сила со која располага човештвото – Ганди

Уште од предучилишна возраст, во градинките, децата се жртви на булинг-меѓуврсничко насилство. И тоа можеби не свесно и не доволно се потенцира, сметајќи дека тоа е само дел од детската игра, дел од детската фантазија, момент на небрежност и невнимание. Секој едукатор во детските градинки, секој стручен соработник, секој добронамерник кој работи со деца и полека ги подготвува за живот во општеството, поаѓа од ставот дека детските души се чисти, детското срце е искрено и отворено, а дестката мисла  е благородна. Но во овој свет во кој денес живееме, во ова време невреме, забораваме дека семејството е изложено на низа предизвици, дека социјализаторската функција на семејството слабее, дека насилството е дел од некои семејства, дека живееме во ерата на масовните медиуми во кој изобилуваат и програми, но и детски емисии, каде насислтвото е нормално и се прикажува катадневно, социјални медиуми каде нема ограничувања за девијации и каде се пласираат ликови-модели за идентификација и имитација кои се далеку од позитивни, добри и правилни. Затоа ни се случува вербално, физичко, емоционално, психичко и сајбер насилство кај децата. Клучно прашање е како да препознаеме дете кое е потенцијален насилник? Има неколку фактори кои ни укажуваат потенцијална опасност за децата и од каде таа доаѓа и ќе препознаеме преку:

  • игра и игровни активности (дали детето игра само, дали дава играчки на другарчињата, кои видови на игри и игровни активности ги посакува и ги игра. Доколку е затворено-интровертно, не се дружи, изолирано, постојано во игрите се лути, тоа ни е еден знак дека тоа дете иам некој пробелм)
  • видови на играчки кои ги користи во игрите (секое дете кое исклучиво игра со некој вид на пластично оружје или имитира дека носи одредено оружје, а ги избегнува играчките кои даваат топлина, милост, нежност , исто така дава сомнеж-
  • начин на комуникација со врсниците-другарчињата (како комуницира, кои зборови ги употребува, дали вика, дали гласно говори, дали употребува груби зборови, и тоа ни е аларм дека нешто се случува)
  • музички активности (вид на музика која сака да ја слуша, дали е весел при музички активности)
  • цртање и цртежи (боите со кои бои-дали се темни, начинот на кој црта, фигурите-се дава знак за одреден проблем)
  • комуникација со негувател, воспитувач, стручен соработник (дали прифаќа задачи, дали соработува, како комуницира-клучно за препознавање на проблем-

Како да помогнеме и како да превенираме

  • пренесување на вредности кои ја поддржуваат љубовта кон доброто, убавото, вредносто, саканото
  • посочување на вредности како што се пријателство, алтруизам, добродетелство, помагање, заедништво (клучно е детето да сфати што значи да биде добар другар)
  • учење како да бидат сречни, стимулирање на работи кои ги прават среќни, да ги повторуваат и така градат позитивен пристап и развиваат позитивни емоции
  • развивање на културни и уметнички содржини кои ќе им ги покажат убавините и радостите на животните мигови
  • соодветна награда за добро сторено дело, но и одговорност и санкција за лошо сторено дело
  • поттикнување на принципот-бираме најљубезно дете, секое ќе се труди тоа да биде избрано
  • комуникација со сите чинители значајни за таа возрсст
  • давање примери преку потенцирање на позитивни модели за идентификација и имитација (детето учи и треба да му се покажат лица кои се за нив важни а кои чинат добри дела)
  • прегратка, топол збор, насмевка, благост и допир кои ќе стимулираат добробит во детската душа

Сите заедно да вложуваме во детскиот развој, да ги научиме да бидат добри другари, добри луѓе, да ги научиме доброто да им биде пред се и над се и да се водиме од девизата дека СЕКОЕ ДЕТЕ Е ВАЖНО, ИДННИНАТА ПРИПАЃА НА НИВ И ДОБРО И ПРАВИЛНО ВРЕДНОСНО И МОРАЛНО ИЗГРАДЕНА МЛАДИНА Е ПРЕДУСЛОВ ЗА ЗДРАВО И ПРОСПЕРИТЕТНО ОПШТЕСТВО.