Истрајност

“Енергијата и упорноста – истрајноста ги освојуваат сите нешта”. – Бенџамин Френклин

Истрајноста е една од клучните вредности, кои се суштествени и најзначајни за животот на човекот. Покрај почитта, довербата, одговорноста, трудољубивоста, клучен фактор за потполност на вредносниот систем е истрајноста. Да бидеш истраен, да бидеш упорен, да настојуваш да ја оствариш замислената цел е благодет која само најдобрите успеваат да ја искусат. Поентата на истрајноста е во мудроста и проценката на активностите и дејанијата со кои ја реализираш замислената цел. Само истрајните успеваат-максима која многумина признати и познати научници, луѓе од јавниот живот, личности-креатори на генерални животни политики ги водела.

Кога зборуваме за истрајноста, како вредност, таа треба од најрана возраст да се негува и да се всади кај детето, се со цел таа да стане негова ѕвезда водилка во неговиот животен патоказ. Уште од најрана возраст, на детето треба преку едноставни примери да му покажеме и докажеме засто треба да биде истраен во секоја своја намера. Имено, ќе му поставите цел, задача и ќе настојувате по секоја цена да ја оствари. Доколку проба да се откаже, ќе го стимулирате, бидејќи принципот на награда и казна е добар модел за да се воспита детето во духот на истрајноста. Преку животни мудрости ќе му покажете, на пластичен начин, разбирлив за неговата возраст, дека без истрајност, упорност и трпеливост нема да може да ги достигне животните височини.  На малото дете преку игра и игровни активности, ќе му ја доловите сликата за истрајност и успехот што таа со себе го носи. Ќе го фатите за раче и преку коцки, играчки ќе му поставите задача, преку игра, преку обиди и грешки, да сфати дека само со истрајност и трепливост се достигнуваат и понекогаш недотишните нешта.

Истрајноста вткајува мудрост, доблест, убавина во континуитет, исрајноста го челичи детето и го подготвува за многу нови животни предизвици, истрајноста го стимулира детето за упорност при желбата за добивање на работите кои тоа ги замислило. Истрајноста треба да се прикаже како модул на успешност, стимулирачки агенс, кој ќе го натера детето на мисла и размисла за различни активности кои тоа катадневно ги прави, но и ќе го очеличи, да не се откажува од посакуваната цел.

Истрајноста и упорноста се модул за успех, и токму затоа детето треба да се воспитува во тој дух, бидејќи без истрајност залудни ќе бидат и знаењата, вештините, креативноста и интелегенцијата, колку и нив да ги поседуваш, доколку не си истарен истите нема да бидат во функција. Значајно е да му ги објасните правилата на истрајноста и нејзиното значење за неговиот живот и така детето ќе го разбере суштинското значење на истрајноста. Најпрво ќе му објасните дека истрајноста е негова  активност која продолжува да се спроведува и покрај потешкотиите на кои детето може да наиде и покрај одредени неуспеси кои може да ги доживее, или со едноставни зборови ќе му речете дека  истрајноста е едноставно одбивање да се откаже од нешто. Еднотавните примери многу лесно допираат до детето и детските главчиња едноставно и полесно ги усвојуваат. За таа цел ќе му кажете пример од секојдневието.  Детето сака да игра некоја игра-значи превзема акција. Ја знае играта која сака да ја игра што значи дека е и креативен. Ги знае правилата на играта значи дека е интелегентен и вешт, но штом ја започнува играта веќе му се појавуваат проблеми:

  • почнуваат да му се откажуваат другарчиња
  • некои сакаат да му ги сменат правилата
  • некои сакаат да бидат лидери во играта. На детето ќе м у се објасни дека треба да биде истраен во тоа што го замислил и дека сите овие препреки треба да ги надмине и тогаш ќе ја игра играта како што ја замислил и како треба да се игра.

Истрајните секогаш успеваат, тие се борци, мудреци, трпеливи и храбри, и секогаш храбро чекорат низ животот.