Зошто градинката е добра за вашето дете?

  1. Учи социјални и комуникациски вештини
  2. Се стекнува со знаења
  3. Создава пријателства со деца и гради врски со возрасни лица
  4. Развива физички вештини
  5. Развива вештини за решавање проблеми
  6. Развива одговорност, самостојност, самодоверба и гради слика за себе
  7. Се подготвува за поаѓање во училиште

Бројни истражувања ни даваат докази дека посебното внимание кон развивање на пристапот кон учењето е од огромно значење за подготвеноста на децата за одење во училиште. Пристапот кон учењето кај малите деца се развива преку мотивирање, градење на ставови, стекнување навики и когнитивни стилови кои ги креираат нивните реакции во разни ситуации, како и  помагаат во процесот на рано учење.