Литературата за деца е една од најубавите и продуховени литератури, бидејќи јазикот на кој е пишувана е едноставен, лиричен, лесен, сознаен и достапен за секое дете. Книгата која му се дава на детето да ја прочита, кај него побудува низа убави емоции и носи позитивни моменти. Книгата, тоа шаренило од зборови, бои и ликови кај детето ќе ја развие љубопитноста, ќе ја поттикне желбата да осознавање на нови нешта. Детето ќе развие топлина и љубов кон книгата и со постојаното стимулирање да чита, детето ќе навлезе кон светот на благодетите кои ги носи убавиот пишан збор и книгата ќе стане негов најверен пријател.
Да им се чита на децата бидејќи:
- со читањето им се развива љубов и топлина кон пишаниот збор, им се будат убави и позитивни емоции (емпатија, љубов, добрина) , но и стануваат свесни за емоции кои предизвикуваат болка (тага, грижа)
- осознаваат нови нешта и го запознаваат светот околу себе
- ја развиваат фантазијата и критичкото мислење
- стекнуваат вредности, како што се пријателство, поддршка, хуманост
- создаваат позитивни модели на идентификација и имитација преку позитивните ликови од книгите
- го развиваат говорот, го поттикнуваат размислувањето, носат решенија и одлуки
- стануваат свесни за реални животни ситуации
КНИГАТА ГИ УЧИ ДЕЦАТА ДА СЕ ОСПОСОБАТ САМИТЕ ДА ЧЕКОРАТ НИЗ ШУМАТА НАРЕЧЕНА ЖИВОТ.