Најважниот аспект на образованието е писменоста, нешто што секое дете треба да ужива учејќи ја. Ова е вештина која децата може да ја усвојат без притоа дополнително да се трудат туку едноставно, преку игра. Во продолжение неколку совети како да го поттикнете учењето:
- Излезете надвор и со креда напишете ги буквите од азбуката, потоа соберете камчиња и детето нека се обиде да ги нареди камчињата врз буквите напишани на подот следејќи ја нивната линија.
- Читајте заедно книга, разгледувате сликовници и прераскажувате си ги приказните.
- Почетните слогови на зборовите се есенцијални за читање. Можете да му помогнете на детето да научи да чита со кажување на почетните слогови на зборот. На пример: „зборот „чита“ започнува со „чи“. Ајде сега обиди се и ти!“.
ДА РАСТАТ СИГУРНО, ДА ВИВНАТ ВИСОКО.