Како со детето кое е насилно

Децата кои со своето однесување се насилни кон врсниците (во градинките) , тоа може  да го прават од различни причини.

Тие не познаваат подобар начин за справување со проблемите во меѓусебната игра. Не умеат да ги препознаат своите емоции и правилно да ги користат , соочени се со постојан стрес или се склони да ги имитираат однесувањата на врсниците за да се вклопат.

Секоја приказна има две страни и улогата на возрасните  е да сослушаат повеќе деца кои се вклучени во конфликтот. Може да се случи возрасните да не  забележат одредено невербално однесување кое го предизвикало другото дете за да реагира на насилен начин. Некогаш деталното анализирање не може да помогне па треба да се погледне во поголемата слика и да се даде време за да се увиди дали насилното однесување се повторува.

Родителите кога дознаваат дека нивното дете е со насилно однесување може да се случи да не прифатат соработка. Кај нив се буди потребата да го заштитат своето дете. Го имаат чувството јас и моето дете на една страна , наспроти другото дете , родителите и стручниот тим на друга страна.  Многу е важно во тој момент да се задржи смиреноста за да се добијат информации за состојбата и да се решава, бидејќи сите имаат цел да нема насилно однесување и да се негува поддржувачка средина за правилен раст и развој на децата.

Со детето со насилно однесување треба да се разговара за последиците и да се поттикне да се стави во улогата на другарчето како тоа  се чувствува. Треба да се стави во состојба како  и кои последици ќе ги има за неговото однесување. Да се разговара со детето дека насилството не ги решава проблемите  и да се понудат решенија како детето да се соочи со состојбата.

Пример ако детето ја расипало играчката, да размисли како да се поправи играчката , заеднички со возрасните, ако ја искинало книгата да одат заедно да купат нова книга. Физичкото казнување е проблематична родителска пракса , бидејќи на тој начин  возрасните праќаат порака дека насилството е прифатлив начин за решавање на проблемите . Поддршката и заштитата од возрасните се нужни во прекинувањето на насилството.