Тргнување во градинка

Kако пред тоа, на почетокот и откако детето ќе почне да ја посетува градинката

Почеток со градинка, што да очекувате

  • Детето најверојатно се чувствува возбудено како и нервозно за почетокот на градинката
  • Ти како родител може да чувствуваш збрка од гордост, возбуда, неизвесност и анксиозност

Пред да почне детето со одење во градинката

  • Посетете ја градинката
  • Зборувајте за градинката
  • Може да зборувате за различните работи кои ќе ги прави тоа додека е во градинка. Следете го детето и неговите реакции додека зборувате. Доколку не ви возвраќа тогаш не го притискајте. Внимавајте на начинот на кој ќе му го претставите одењето во градинка, не го правете тоа како многу голема, битна и возбудлива работа бидејќи тоа може да го исплаши и да се повлече.
  • Читајте книга за градинка

Кога ќе започнете со одење во градинка

  • Почнете постепено

Почнете со кратко време на престој и во договор со учителките постепено зголемувајте го времето поминато во градинката.

  • Воспоставете домашна рутина

Станувајте во исто време и смислете си заеднички ритуал со детето, подгответе се заедно и излезете за во градинка, држете се до договорените активности секој ден. Така детето ќе знае што да очекува и што следи.

  • Комуницирајте со учителките

Поставувајте прашања на учителката како детето го поминало времето,  и споделете ги своите загрижености доколку ги имате во врска со детето и неговата адаптација, така и вие полесно ќе се прилагодите на градинката а со тоа ќе му помогнете на детето во адаптацијата.

Детето е загрижено за одењето во градинка, што да направите

Почетокот на градинката е возбудлив за детето, но анксиозноста и стравот се исто така вообичаени резултати. Може да забележите дека детето не јаде многу, или дека му се спие повеќе од вообичаено или пак дека не е расположено како обично.

Детето може да биде загрижено дали ќе си најде пријатели, да се чувствува осамено бидејќи е во непознат простор со непознати лица. Може да биде вознемирено кога ќе го оставите. Можеби ќе размислува што правите вие без него, дека можеби ќе испушти нешто многу специјално.

Како да се справите со своите овие реакции

  • Објаснете му во детали што ќе правите вие додека е тоа во градинка
  • Зборувајте му за рутините во градинка
  • Зборувајте со учителката на детето, тие имаат искуство во вакви ситуации
  • Прашајте ја учителката што е тоа што можеби го вознемирува вашето дете
  • Зборувајте со учителката за различни стратегии и пристапи за справување со оваа ситуација