Игри за споделување на емоции со помали деца

Две години:

Искористете ја секоја прилика додека му читате на Вашето дете да споделите со него како ликовите во приказната се чувствуваат во одреден момент. Пр. Мислам дека Пепелешка е многу тажна што неможе да оди на балот.

Три години:

БАЛОН НА ЛУТИНА

Се земаат неколку црвени балони (или боја по желба на детето). Му се објаснува дека се тоа посебни балони кои можат да ја соберат целата негова лутина. Се дуваат внимателно балоните, пуштајќи им ја целата лутина. Потоа од детето се бара да ги пукне балоните. Целата лутина се излегува од балонот. Лутината излегува од него. Тоа се прави во извесен временски период, додека детето не започне да ја препознава својата лутина и да ги бара балоните за да се растерети.

Во следните фази, се бара од детето откако балоните се убаво надувани, да игра со нив. Да игра со својата лутина, да ги пушта во воздухот и да ги фаќа. Да ја контролира својата емоција. Му се остава да одлучи кога ке го дупне балонот и ќе се ослободи од лутината.

4 и 5 години КРЕАТИВНО ЦРТАЊЕ

Дајте му на детето можност да бира – големина на хартија, бои кои ќе ги користи, пенкала, моливи итн. Земете едне предмет на пр. тенџер од кујна. ставете го пред детето. Речете: Во ова тенџере ќе гледаме 1 минута, ќе го мерам времето со штоперица и ќе ти кажам какко полека истекува. Потсетете го дека има уште 30 секунди, уште 15 секунди, 5 секунди и врметето истече. Сега ќе нацртаме, не тенџерето туку како се чувствуваме додека гледавме во тенџерето, или додека ти кажував како времето истекнува…Дали среќно, тажно, напнато, луто итн…

Дајте му на детето предлог да го нацрта својот сон, да нацрта нешто страшно, личноста која најмногу ја сака, своето семејство како животни (мачиња, кучина, мечки..), личноста која најмалку ја сакаш, некој на кој си бесен…