Зошто споделувањето е важно?
- Децата треба да научат да споделуваат за да можат да создадат и задржат пријателства, да научат да преговараат, чекаат ред и да се справат со разочарувања. Споделувањето ги учи децата на компромис и праведност. Тие учат дека, со тоа што ќе му дадат некому нешто, може исто така да добијат за возврат нешто што тие го сакаат. Споделувањето е клучен дел од сложување со другите, па така станува се повеќе важно, кога вашето дете почнува да си игра со други деца надвор од домот, и да оди во градинка.
- Децата стануваат се подобри во споделувањето преку учење како да се справат со своите емоции и преку социјална интеракција
Како да му помогнете на вашето дете да научи да споделува?
Децата учат многу, дури и само од гледање што нивните родители прават. Кога вие ќе поставите модел на споделување- давање, и чекање ред во вашето семејство, тоа му дава одличен пример кој што ќе го следи.
Секогаш треба да сме свесни за возраста на нашето дете. До третата година е нереалистично да се очекува од детето дека своеволно ќе ги споделува своите работи, а последиците од несподелувањето најверојатно нема да му помогнат на детето да научи како да го прави тоа. Со охрабрување и вежбање ќе го научите како да ја развие оваа вештина. После третата година повеќето од децата почнуваат да го разбираат концептот на споделување и да почекаат да дојде нивниот ред. Треба да сме свесни дека на оваа возраст децата сеуште учат и треба да им помогнеме во воспоставување на социјални врски.
- Зборувајте му на детето зошто споделувањето е добро
- Посочете добро однесување кај други во вакви ситуации
- Секогаш кога вашето дете ќе сподели нешто, или трпеливо ќе го чека својот ред, не заборавајте да го пофалите
- Играјте игри кои вклучуваат споделување и чекање на ред
- Потсетете го детето на доброто однесување секогаш пред средба со други деца
Да не дозволиме нашите очекувања како родители да застанат на патот на развојот на нашите деца. Она што може да го очекуваме од дружењето е дека тоа ќе биде искуство од кое што децата сигурно ќе научат нешто, а некогаш ќе им биде потребна и наша помош.