Справување со тантруми

Справувањето со изливите на бес (тантруми) кај малите деца знае да биде збунувачко и фрустрирачко и за родителите и за децата.
Дали треба да му дадете тајмаут на детето? Дали смеете да му викате? Дали можете да го вразумите и смирите?
– Она што сигурно не смеете никогаш да го направите, е да го удрите детето.

Позитивната дисциплина е она што можеме да го направиме. Постојано повторувајте му ги инструкциите, покажете трпение и секогаш охрабрувајте го и фалете го позитивното однесување. Така детето добива можност да прави позитивни и правилни избори и да добие афирмација за своите одлуки.

Намалете го негативното однесување на детето со тоа што ќе поставите домашни правила, користете пренасочување на однесувањето и фокусот, пофалете го, контролирајте го своето однесување за да научи од вас како да се справува со негативните емоции, научете го како да ги изразува своите емоции со зборови и бидете трпеливи!

ДА РАСТАТ СИГУРНО, ДА ВИВНАТ ВИСОКО.