Учење базирано на игра

Имањето на искуства кои се забавни и исполнети со уживање им помагаат на децата да најдат значење на она што го прават или учат и придонесуваат за нивно активно учество, размислување и социјални интеракции кои се основа на доживотно учење. Учењето преку игра им помага и на децата и на возрасните да се справат со промените и тешките моменти преку развивање на вештините потребни за иновации. Ако родителите и образовните системи го искористат учењето преку игра, сите би можеле да бидеме поподготвени за иднината.

Исполнете го денот со разиграно учење и обидете се активностите да бидат според 5 те принципи на учење преку игра:

  1. Значајни
  2. Социјално интерактивни
  3. Исполнети со уживање
  4. Активно вклучување
  5. Повторувачки (експериментирање,испробување на хипотези итн)

Играта често се перццепира како одмор од сериозно учење. Но, за децата играта е сериозно учење. Играта е навистина дело на детството. – Fred Rodgers