Кога сме мали деца многу работи ни изгледаат „како да е крајот на светот“.
Добро е да ја увидиме ситуацијата од детска перспектива и да се обидеме да сфатиме како се чувствуваат тие. Како возрасни луѓе кои се грижат за нив треба да им помогнеме да научат да се справат со негативните емоции и да успеат да ги изразат без фрустрација или пак став.
Не ги минимизирајте нивните чувства и не им викајте дека не им е ништо затоа што во момент на фрустрација сигурно нема да ве разберат и да го прифатат вашиот совет. Наместо ова доволно ќе биде да им кажете:
- Moжам да видам дека си вознемирен/а
- Тука сум за тебе
- Во ред е да се чувствуваш вака
Употребете стратегија прилагодена кон темпераментот и возраста на детето како гушкање, тивко зборување, разговор или давање предлог за омилена активност и не заборавајте дека нивните чувства треба да бидат прифатени а не негирани.
ДА РАСТАТ СИГУРНО, ДА ВИВНАТ ВИСОКО.