Приврзаноста на децата од најрана возраст

Раното поврзување е темел на кој покасно се гради понатамошниот однос во животот – пријателскиот , партнерскиот и односот со сопствените деца.

Да се биде родител е најважна и најодговорна улога во животот. Посветувањето на детето во првите години од животот овозможува основа за здрав и безгрижен развој

Приврзаноста е трајна емоционална врска и е темел на емоционалниот развој. Децата ја развиваат во првата година од животот со лицето кое се грижи за нив. Тоа во основа е мајката , но може да биде таткото, бабата , било кој роднина или  возрасна личност која се грижи за детето. Детето се поврзува на начин кога настојува да одржи контакт со лицето , особено ако е вознемирено. Во првите два месеци од животот детето го насочува вниманието на сите лица во просторијата и не препознава со кого може да се приврзе и ги користи вродените реакции смеење и плачење. Детето осознава кој најчесто ги задоволува неговите потреби и почнува да се приврзува кон него. По вториот месец детето ја преферира близината на познатите ликови околу себеси и ја покажува приврзаноста кон една личност, која најмногу се грижи за него. По третата година детето ја доживува личноста кон која е најмногу приврзан како комплетно одвоена личност од самото себеси.

Порано се сметало дека детето може да развие еден примарен однос на приврзаност. Денес истражувањата покажуваат дека може да има двојна приврзаност каде едниот родител се грижи, негува , милува и е модел за блиски семејни односи , а другиот родител дава возбудлива игра и интерактивни предизвици.

По Боулбиј (2205) има повеќе стилови на приврзаност.

Сигурна приврзаност: – кога лицето кое се грижи за детето  е емоционално достапно и примерно реагира на потребите на детето. Детето се чуствува дека вреди и дека другите се присутни кога му се потребни . Овие деца помалку се плашливи кога се разделуваат и се спремни за самостојно истражување на околината.

Несигурен стил на приврзаност: избегнувачки, анксиозен , дезорганизиран тип.

  • Избегнувачката приврзаност е резултат на недостапноста и неадекватното одговарање на потребите на детето. Иако на детето телесните потреби се задоволени , недостасува задоволувањето на емоционалните потреби. Во ваков однос децата  се несигурни да ја истражуваат околината и избегнуваат да имаат контакт со своите емоции.
  • Анскиозна приврзаност : кога лицето кое се грижи за детето некогаш ги задоволува неговите потреби и присутен е за детето, а понекогаш се однесува спротивно и детето не умее да го предвиди. Детето , лицето го доживува како непостојано и станува несигурно, плашливо и опкружувањето го доживува како несигурно.
  • Дезорганизирана приврзаност развиваат децата кои се постојано заплашувани и неразбрани во своите потреби од лицето кое се грижи за нив. Овие деца се опкружени со насилство и немаат можност да развијат конкретен начин на позитивна емоционална комуникација. Овие деца имаат намалена потреба за игра и дружење, а зголемена агресивност во однесувањето кое им прави проблеми во градење односи со врсниците.

Родителите треба да се достапни за децата и да бидат со нив додека им е тешко. Треба да ги следат знаците што ги дава соспственото дете , брзо и доследно да реагираат во склад со реакциите и потребите на детето.Тие не треба да се плашат дека ако повеќе се присутни за потребите на детето ќе ги размазат. Треба со сопствените деца да  зборуваат за сопствените и емоциите на детето. Родителите низ процесот на поврзување со детето треба да ја прифатат својата несовршеност и да покажуваат дека може да се погреши . Низ тој процес треба да се покаже и доследноста во задоволување на детските потреби. Само на тој начин детето ќе научи дека светот што го опкружува е сигурно и предвидливо место и може да се потпре на на другите луѓе.

Родителите на децата треба да им поттикнуваат радосни мигови , да бидат нежни со децата , да имаат контакт со очите , да ги следат , охрабруваат, да имаат опуштени мигови на игра , забава , да им кажуваат и покажуваат љубов . Ако не им се допаѓа некое однесување од детето , треба да им се каже дека е неприфатливо такво лошо однесување , но дека сепак ги сакаат.

На овој начин децата ќе пораснат во сигурни, срдечни , самосвесни и одговорни и ќе носат мудри и зрели одлуки во животот.