Општествено компетентно дете

Социјалните вештини децата ги учат уште со раѓање , а родителите и детските установи со својот пример и развивање можности за учење го потикнуваат детето да ги развива и исполнува своите потенцијали.

Однесувањето кое помага во создавње социјална интеракција и квалитетен однос го викаме социјална вештина.Социјалните вештини кај детето  ги забележуваме преку начинот како комуницира, носи одлуки, како ги решава проблем ситуациите , како ги изразува своите емоции и како се справува со своето однесување.

Социјалните вештини се разликуваат од социјалните компетенции.Вештините се однесуваат на позитивно однесување на детето: како слушање, заблагодарување , барање помош, самоконтрола , ненасилно решавање на детската кавга , преговарање, планирање, толерантност и асертивност. Додека компетенциите ги вклучуваат сите мисловни и емоционални вештини, односно начинот како детето ги употребува за успешно комуницирање.

Некои деца имаат подобри , а некои послабо развиени социјални компетенции. Тоа зависи од многу причини : генетика , темперамент, воспитување, примери од околината , пристап до разни содржини и активности во градинката и домот. Велиме дека детето е социјално-општествено компетентно кога тоа соработува и им помага на другарчињата и возрасните, има развиено вештини да ја разбере околината , ја следи невербаллната комуникација, ги постигнува поставените цели секојдневно. „Пример: организира игри со другарчињата„.

Децата кои се доживеани како агресивни и децата кои се многу повлечени го делат заедничкиот ризик за понатамошни емоционални и социјални потешкотии во социјалното однесување, отколку децата со добри социјални вештини и компетенции.

Градење на социјални вештини кај детето овозможува воспоставување на здрав однос со другарчињата и возрасните и квалитетен однос со самите себеси. Родителите и воспитните тимови можат најдобро да помогнат во развивање на детето во себезадоволна , самоуверена и социјално компетентна личност.