Помогнете му на детeто да расте паметно и силно, здравите навики се создаваат од мали нозе. Целта е да ги научиме децата сами да прават здрав и правилен избор кога станува збор за исхраната.
Здравата исхрана во раното детство е многу повеќе од само што се наоѓа во чинијата на детето. Здравата исхрана е да им дадеме знаење и самостојност да прават здрав избор на намирници кои ќе им овозможат здравје. Ова е значајно затоа што физичкиот развој е поврзан со когнитивниот развој.
Затоа:
- Хранете го своето дете со свеж зеленчук, овошје, протеини и зрнеста храна.
- Бидете му пример.
- Денес одете заедно на пазарење и детето само нека си го избере својот омилен зеленчук и овошје.
ДА РАСТАТ СИГУРНО, ДА ВИВНАТ ВИСОКО.