Да детето биде самоуверено , тоа значи да се сака и себеприфаќа. Важна улога во првите години од животот имаат родителите, а потоа учителите, врсниците и другите лица со кои комуницира.
Најважно е детето да знае дека родителите безусловно го сакаат.
Тие може да критизираат некое однесување на детето , но и да му понудат можност да ги прави работите на друг начин.
Критиката која возрасниот ја дава треба да биде упатена кон случувањето, а не кон детето. Многу е важно да се уважат детските успеси, бидејќи ниедно дете не е совршено. Важно е родителите и воспитните тимови да го насочуваат детето за тоа што има дарба и способност, а не кон очекувањата и неисполнетите желби на истите. Родителите и воспитните тимови убаво е да ја даваат подршката кога детето ја бара , но не и да ги завршуваат задачите место нив. Тогаш детето има чуство и добива порака дека не е способно самостојно да завршува активности.
Кога детето самостојно ги завршува активности иако понекогаш и со грешење , тоа е позадовлно и посигурно. Децата учат преку обиди и грешки, а возрасните треба низ тој процес да ги подржуваат.