Детето нека учи од секојдневието

Во текот на целиот живот учиме од секојдневните предизвици со кои се сретнуваме самите, или луѓето од нашето опкружување. Кај децата, ова е уште поинтензивен процес, бидејќи тоа се нивните први среќавања со „реалниот“ живот. Дозволете им да ја искористат шансата да научат од секојдневните ситуации, или уште подобро, зграпчете ја шансата заедно!

Исполнете ги заедно домашните обврски. Кујната може да биде посебно интересно место за вашето дете, каде може да научи како се користат сите нејзини делови. Така ќе го развие своето внимание, но и ќе научи да ги класифицира предметите. Приготвувањето на храна направете го забавна игра, месете тесто или заедно направете ги неговите омилени здрави колачиња.

Пазарувањето може да биде посебно интересно за вашите малечки. Помогнете им тие да ги одберат најсвежите продукти на зелениот пазар. Вршејќи ги набавките заедно со вас, тоа ги развива своите социјални вештини, комуницира со нови луѓе и се стекнува со манири. Ги учи имињата на сите видови на храна и продукти за домаќинството, учи да брои и да класифицира.

Вашиот дом е полн со обврски кои вашето дете без проблем може да ви помогне да ги извршите. Средете го „нередот“ што сте го оставиле по играта. Наводенете ги заедно цвеќињата во домот или погрижете се за вашата градина.

Нека секојдневните обврски, создадат убави навики, и забавни моменти на кои вие и вашете дете со задоволство ќе се сеќавате!