Игра со бебиња

Зошто е важно да си играте со бебињата?

Играњето со бебињата им испраќа јасна и кратка порака, дека ни се важни и дека се грижиме за нив. Оваа порака им помага на децата да разберат кои се и да си го најдат своето место во светот. Низ игра бебињата учат за светот околу себе и како да комуницираат со него. Со доживување на нови искуства кај бебето се создаваат нови невронски врски во мозокот подготвени за учење и развој. Со играта му помагате на бебето да ја развие грубата и фината моторика, учи да зборува и да го разбира јазикот.

Во овој период најбитна е интеракцијата која ја имате со бебето – а не играчките.

  1. Дадете му на бебето да почувствува различни текстури, материјали, облици.
  2. Правете гримаси заедно.
  3. Пејте му, правете различни звуци со предмети од околината.
  4. Кинете хартија, салфетки, фолија.
  5. Истурете леќа, грав, макарони и дозволете му ги допира со рачињата и ноџињата.
  6. Читајте и покажувајте му слики.
  7. Шетајте во природа или пак низ домот за да види што има низ него, зборувајте му и објаснувајте му што гледате.
  8. Забавувајте се и уживајте во времето поминато заедно.

ДА РАСТАТ СИГУРНО, ДА ВИВНАТ ВИСОКО.