Специјално време поминато со тато

Како татко имаш огромна улога во животот на детето. Секојдневната и квалитетна комуникација ќе остават печат во животот на детето и ќе придонесеш врз неговиот развој. Биди колку што можеш поприсутен во неговиот живот уште од првиот ден. И двајцата родители можат, и треба подеднакво да придонесат во целосниот развој на детето, во секој негов период и од секој можен аспект.

Биди добар модел. Нека твоето дете научи што е добро преку примери, а не само преку зборување. Разговарајте за најразлични теми, но практикувај го истото она, на што го учиш своето дете.

Читајте заедно. Потоа набљудувајте случувања во вашата околина и правете корелации со случувањата во книгите. Објасни му како функционираат работите околу него. Не го потценувај своето дете, ако доволно пластично му ги објасниш нештата, ќе се изненадиш колку многу тоа може да разбере.

Приготвувајте оброци заедно, макар и наједноставни, па потоа излезете на прошетка и јадете го она што сте го подготвиле. Забавувајте се, и искористете ја секоја шанса да изнудите насмевка од вашето дете. Искористете ја позитивната атмосфера што заедно сте ја создале за да го научите барем нешто за светот околу него.

Обидете се да бидете колку што можете присутни во неговиот свет, така ќе се поврзете и ќе изградите здрава врска која ќе трае целиот ваш живот!