• A  A  A  A  
Вести и известувања

Информирајте се за најновите вести поврзани со Проектот за подобрување на социјалните услуги.

Општина Боговиње за прв пат добива градинка преку Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика

Боговиње, 26.08.2022 – За прв пат жителите на општина Боговиње добиваат нова градинка, во која ќе бидат згрижени 87 деца од оваа општина. Новата градинка е изградена по највисоките стандарди, вклучувајќи и високо ниво на енергетска ефикасност, со што на децата ќе им се овозможи пристап до квалитетна услуга. Новата градинка ги има сите современи […]

Успешно воведена социјалната услуга Помош и нега во домот за немоќни возрасни лица во Чучер Сандево

Скопје, 22.08.2022 – Социјалната услуга Помош и нега во домот ги покажува своите бенефити на терен. Во тоа се увери Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска при денешната посета на корисници на оваа услуга во општината Чучер Сандево. На увидот во општина Чучер Сандево присуствуваше и градоначалникот на оваа општина Сашко Комненовиќ.  Преку […]

ЈАВЕН ПОВИК ДО ОПШТИНИТЕ И ОПШТИНИТЕ ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ И ПОТЕНЦИЈАЛНИ ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ГРАНТ ЗА РАЗВОЈ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ

Министерството за труд и социјална политика го имплементира Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) со финансиска поддршка од Меѓународната Банка за обнова и развој (Кредит Бр: 8902–МК). Проектот има за цел да го подобри пристапот до услугите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и пристапот до социјални надоместоци и услуги. Една […]

Започнува караванот за презентација на вториот јавен повик за социјални услуги на локално ниво во осумте плански региони за проекти за социјално ранливите категории

Куманово, 04.07.2022 – Со јавна презентација пред општините од Североисточниот плански регион во Куманово започна караванот за презентирање на вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјални услуги на локално ниво, што го организира Министерството за труд и социјална политика. Преку караванот општините, невладините и граѓанските организации ќе бидат запознаени со роковите, постапката […]

Промовиран вториот јавен повик за социјални услуги на локално ниво – општините добиваат можност за грантови за проекти за социјално ранливите категории

Скопје, 01.07.2022 – Развојот на социјалните услуги на локално ниво продолжува. Министерството за труд и социјална политика го промовираше вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјални услуги на локално ниво. Условите за учество на јавниот повик беa промовирани пред градоначалници од повеќе општини и други претставници од локалната самоуправа. Почнувајќи од денес […]

Втор јавен повик до општините и општините во Градот Скопје во Република Северна Македонија за изразување интерес за грант за развој на социјални услуги

Скопје, 01.07.2022 – Втор јавен повик до општините и општините во Градот Скопје во Република Северна Македонија за изразување интерес за грант за развој на социјални услуги. Прочитајте повеќе за повикот и изразување интерес тука  

Посета на детската градинка во село Волково и Дневниот центар за деца со попреченост во општината Липково

Скопје, 31.05.2022 – Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска заедно со Ана Бјерде, потпретседателката на Светска Банка за Европа и Централна Азија, Линда Ван Гелдер, регионална директорка за Западен Балкан при Светска банка, Шиаочинг Ју директорка за стратегија и операции при Светска банка, Масимилијано Паолучи директор на Канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија […]

Услугата помош и нега во домот достапна и во општина Струмица

Струмица, 18.04.2022 – На околу 60 лица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен, потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе, од Струмица отсега ќе им биде достапна услугата помош и нега во домот. […]

Поквалитетен и спокоен живот за возрасните лица во општина Кочани преку социјалната услуга Помош и нега во домот

Кочани, 21.03.2022 – Спроведувањето на социјалната услуга Помош и нега во домот значајно го унапредува квалитетот на живот на возрасните лица и во општина Кочани. Во ова се убедија министерската за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов откако посетија корисници на оваа нова социјална услуга во општината. Придобивките на […]

Кавадарци доби нова современа градинка во која ќе бидат згрижени 142 дечиња

Кавадарци, 27.12.2021 – Социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика продолжува да создава придобивки за граѓаните. Во општината Кавадарци, младите родители и нивните дечиња добиваат на располагање нова градинка „Сонце“, која овозможува згрижување на 142 деца во нови современи услови. Градинката е изградена согласно најсовремените стандарди и овозможува квалитетен престој за […]

Со надградба на градинката во Крива Паланка ќе бидат отворени уште 102 нови места за дечињата од општината

Крива Паланка, 14.10.2021 – Социјалната реформа дава резултати во сите градови низ земјава, овозможувајќи придобивки за граѓаните. Со надградба на објектот на градинката во центарот на Крива Паланка, со која двојно се проширува нејзиниот досегашен капацитет, се отвораат уште 102 нови места за згрижување на дечиња од предучилишна возраст. Вкупната инвестиција на Министерството за труд […]

Во населбата Карпош 3 се доградува градинката „Орце Николов“ – капацитетот ќе се зголеми за 100 нови места

Скопје, 14.10.2021 – Поголемата грижата за најмладите и подигнувањето на квалитетот на грижата и условите во градинките стануваат реалност со имплементацијата на социјалната реформа. Во населбата Карпош 3 во Скопје во тек се градежните работи за доградба на постојната градинка ЈГДУ „Орце Николов“. Со ова, по завршувањето на градежните работи, капацитетот на оваа установа за […]

Кочани добива нова инклузивна градинка во која ќе бидат згрижени 112 дечиња

Кочани, 13.10.2021 – Безгрижни детски денови и правилен раст и развој за дечињата од Кочани се овозможува со новата градинка чија изградба е во завршна фаза. Новата градинка во Кочани е клон на градинката „Павлина Велјанова“ и ќе може да згрижи 112 дечиња. Вкупната инвестиција во градинката изнесува 58,7 милион денари, од кои 52,1 отпаѓа […]

Драчево добива нова модерна градинка за 110 дечиња со фасада која штити од аеро загадувањето

Скопје, 06.10.2021 – Продолжува реализацијата на проекти на терен кои ќе овозможат современа грижа за најмладите. Дел од овие активности е новата градинка во населбата Драчево во општината Кисела Вода, во која ќе бидат згрижени 110 дечиња од предшколска возраст.  Новата градина во Драчево е изградена според највисоките стандарди, а во неа се имплементирани градежни […]

Успешно се спроведува новата социјална услуга помош и нега во домот во општина Берово

Берово, 01.10.2021 – Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска изврши увид во спроведувањето на социјалната услуга за помош и нега во домот која на територијата на општина Берово почна да се имплементира на почетокот на август годинава. Министерката посети корисници на новата услуга во беровските села Русиново и Двориште за директно да се […]

Изградбата на првата градинка во Волково во завршна фаза

Скопје, 30.09.2021 – Граѓаните на Волково за првпат ќе добијат градинка во својата населба, која ќе овозможи згрижување на 175 деца до шестгодишна возраст. Ова го најавија министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски по денешниот увид во градежните работи на објектот на новата градинка, што […]

Социјалната услуга помош и нега во домот дел од големата социјална реформа со одлични резултати во општина Демир Хисар

Демир Хисар, 29.09.2021 – Квалитетен живот и спокојни пензионерски денови и во деветтата деценија од животот за брачниот пар Ангелески од Демир Хисар се овозможува преку услугата помош и нега во домот, која од неодамна е достапна, преку Нега Центарот Демир Хисар. Оваа услуга е дел од социјалната реформа која значително ги унапреди социјалните услуги […]

Социјалната услуга за помош и нега во домот достапна и во општина Берово

Берово, 01.08.2021 – Новата социјална услуга – помош и нега во домот им стана достапна на лицата постари од 65 години во општина Берово, кои не се во можност самите да се грижат за себе. Денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ја додели дозволата за вршење дејност од социјална заштита за давање […]

Социјална реформа на дело – новата инклузивна градинка во Неготино која ќе згрижи 167 дечиња

Неготино, 31.07.2021 – Децата од Неготино и нивните родители ќе имаат на располагање нова современа детска градинка. Градинката која наскоро ќе започне со работа има капацитет за 167 деца кои ќе добијат пристап до квалитетна услуга, што е цел на социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика. Новата градина во Неготино […]

Стартува услугата на дневен престој на деца со попреченост во општина Липково

Село Оризаре – Општина Липково, 26.07.2021 – Децата со попреченост од населените места во општина Липково ќе добиваат специјализирана социјална услуга од Здружението Имаго Плус, на кое денеска му беше доделена дозвола за вршење дејност од социјална заштита за давање на социјална услуга на дневен престој од страна на Министерството за труд и социјална политика. […]

Помош и нега во сопствениот дом – нова социјална услуга во општините Бутел и Чучер Сандево

Скопје, 22.07.2021 – Социјалната услуга нега и грижа во домот за постари лица од 65 години, кои не можат да се грижат за себе, пристигна и во скопските општини Бутел и Чучер Сандево. Од денеска 50 стари лица ќе добиваат помош во извршување на активностите во секојдневниот живот од 25 обучени негуватели. Целта на оваа […]

Отворен Нега Центарот во Демир Хисар за помош и нега во домот

Демир Хисар, 21.07.2021 – Социјална реформа на дело, отворен Нега Центарот во Демир Хисар за помош и нега во домот за лица во трета доба. „Старите лица од Демир Хисар кои имаат потреба од помош отсега ќе имаат помирни денови во својата трета доба. Токму за ваков исход се залагавме кога ја започнавме социјалната реформа“, […]

Старите лица од општина Карпош ќе ја добиваат услугата помош и нега во домот

Скопје, 19.07.2021 – Општина Карпош е првата општина во која започна реализацијата на Проектот за подобрување на социјалните услуги. Со Проектот 20 негуватели ќе се грижат за 60 лица над 65 години на која им е потребна во одржување на личната хигиена и во домот и обезбедување на потребни намирници, до 80 часа месечно. Министерката […]

Неготино ќе добие нова детска градинка

Во тек се последните подготовки на новата градинка во Општина Неготино, која е изградена како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги. Градежните работи се веќе целосно завршени, следува ентериерното уредување по што се очекува дека во текот на месец август градинката ќе ги отвори своите врати за 169 деца. Сите објекти кои се […]

Потпишан договор за грант за изградба на нова градинка во општина Липково

Скопје, 14.04.2021 – Министерството за труд и социјална политика и Општина Липково склучија договор со кој се доделуваат финансиски средства за изградба на нова детска градинка во населеното место Матејче.Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години. По потпишување на договорот за грант ќе следува […]

Известување за јавна расправа за изградба на нова градинка во Општина Липково

Известување за одржување јавна расправа со цел информирање на граѓаните и засегнатите страни за проект кој предвидува изградба на нова градинка во Општина Липково и презентација на документот од јавен интерес – „Првична ограничена оцена за влијание врз животна средина и социјални аспекти” Првична ограничена оценка за изградба на градинка во Липково Известување за јавна расправа за […]

Делчево и Кочани добија грантови за развој на социјални услуги

Скопје, 23.02.2021 – Делчево и Кочани се приклучија кон првата група од 20 локални самоуправи кои добиваат финансиски средства во форма на грантови наменети за развој на социјални услуги со кои ќе одговорат на потребите на ранливи категории граѓани во своите општини. Со доделените средства се овозможува отворање на Дневен центар за рехабилитација и ресоцијализација […]

Известување за подпроект за развој на социјални услуги во Општина Струмица

Известување за подпроект за развој на социјални услуги во Општина Струмица Известување за подпроект во Струмица​ – ППСУ Чеклиста за проверка за план за влијание на животна средина – Струмица – ППСУ

Известување за подпроект за развој на социјални услуги во Општина Чаир

Известување за подпроект за развој на социјални услуги во Општина Чаир Известување за подпроект во Чаир – ППСУ Чеклиста за проверка за план на влијание на животна средина – Чаир​ – ППСУ

Известување за изградба на нова градинка во Општина Битола

ИЗВЕСТУВАЊЕ за одржување јавна расправа со цел информирање на граѓаните и засегнатите страни за проект кој предвидува изградба на нова градинка и презентација на документот од јавен интерес – „Првична ограничена оцена за влијание врз животна средина и социјални аспекти” во Општина Битола, во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) Известување за […]