Непосредно по завршувањето на првиот повик за воспоставување на социјални услуги од Вториот проект за подобрување на социјалните услуги, посочуваме една позитивна приказна од Општина Гостивар. Таму давател на услугата „Помош и нега во домот“ е Асоцијацијата на млади од Гостивар.
Снежана Трпеска е негувателка која започна со работа во 2023 година, со својата прва корисничка на услугата „Помош и нега во домот“.
„Прв корисник ми е Катица Димоска. На почетокот состојбата на Катица беше влошена – имаше проблеми со нозете и висок крвен притисок. Сега состојбата ѝ е многу подобра откако почнав да ја посетувам, и навистина е далеку подобро од тоа што беше претходно,“ посочува Снежана.
Таа раскажа дека секојдневно поминува по четири часа со Катица. Додека е кај неа ѝ помага околу личната хигиена, подготвува оброци и ја придружува на лекар кога има потреба. „Јас како негувателка од Асоцијацијата на млади од Гостивар сум многу задоволна и ја препорачувам оваа работа и на другите, особено на младите луѓе. Работата со постари лица е чест и задоволство,“ вели Снежана.
>> Погледнете го видеотo <<
View this post on Instagram
Преку проектот за подобрување на социјалните услугите кој го спроведува Министерството за социјална политика, демографија и млади, со поддршка на Светска банка, од почетокот до денес се воспоставени социјални услуги во повеќе од 50 општини. Бројката има тенденција да расте со финализирањето на првиот повик од Вториот проект.
Во услугите што се воспоставени спаѓаат: помош и нега во домот, центри за дневен престој за стари лица со активно стареење, центри за дневен престој за деца и лица со попреченост, лична асистенција, услуги за рехабилитација и реинтеграција, услуги на советување, како и центри за дневен престој на лица со попреченост со индивидуален третман.


