Скопје, 28.06.2024 – Успешно се одржа презентацијата на националната студија која за прв пат направи мерење на квалитет на рано учење и постигнувања кај деца од предучилишна возраст. Во мерењето користен е инструментoт MELQO, кој вклучува два модули, МОDEL кој го мери квалитетот на рано учење и развој и MELE кој го мери квалитетот на процесите за учење во занимална и во домот. Националната студија МЕЛКО, спроведена од Министерството за социјална политика, демографија и млади со поддршка од Светска банка, претставува посветена проценка за подобрување на квалитетот на грижата и воспитувањето на децата од предучилишна возраст во Република Северна Македонија.
Оваа сеопфатна студија има за цел да го подобри развојот и учењето на децата, што е клучно за нивниот долгорочен успех. Истражувањето вклучува пакет од шест алатки, организирани во два модула, за мерење на развојот и учењето на децата (MODEL) и квалитетот на средината за учење (MELE). Користејќи ја алатката MODEL, студијата го оценуваше раното учење и развој преку директни проценки на децата и анкети на родители и воспитувачи. Оваа евалуација служи како рамка и алатка за подобра подготовка на децата за училиште. Алатката MELE се фокусираше на оценување на средината за рано учење преку набљудувања во училницата и анкети на родители, воспитувачи и директори. Податоците собрани од повеќе извори даваат сеопфатна слика за развојот на детето и средината за учење.
На презентацијата која се одржа на 28.06.2024 година во организација на тимот кој работи на развој на предучилишно воспитание и образование при проектот за Подобрување на социјалните услуги се обратија Шери Ле Мооте, консултантка, Меѓународен експерт и Елизабета Ламева, консултантка.
- Целата презентација може да ја погледнете – ТУКА
- https://www.youtube.com/watch?v=OitdBdKXnXo
Во периодот кој што следи сознанијата добиени од истражувањето ќе одиграат значајна улога во обликувањето на посветла иднина за децата во државата, обезбедувајќи тие да добијат висококвалитетно образование и грижа што ја заслужуваат.