Скопје, 24.01.2024 –Министерството за труд и социјална политика го имплементира Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) со финансиска поддршка од Меѓународната Банка за обнова и развој (Заем бр: 8902 – МК). Проектот има за цел да го подобри пристапот до услугите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и пристапот до социјални услуги и надоместоци.
- Компонента 1: “Промовирање на социјалната вклученост преку подобар пристап до социјални надоместоци и услуги”
- Компонента 2: “Проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на предучилишните услуги”
- Компонента 3:“Управување со проектот, следење и оценка”
Трите компоненти на Проектот вклучуваат различни видови на активности: развој на политики, поставување на сеопфатен систем на социјални услуги и системско спроведување на реформираните услуги преку проширена мрежа на даватели на социјални услуги, проширување на капацитетите и на квалитетот на услугите во установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.
Во рамките на компонента 2: “Проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на предучилишните услуги” е планирано финансирање на проекти за проширување на капацитетите во предучилишните установи преку реновирање на постоечки училишни/општински простории.
Формуларот за аплицирање на општините за грант може да се превземе од веб страната на Проектот за подобрување на социјалните услуги: www.ssip.mk или преку доставување на барање до Проектната единица на следната електронска пошта: natasa.madjevska@mtsp.gov.mk
Оперативен прирачник за администрирање на грантовите за изградба на предучилишна инфраструктура
Задолжителна документација која треба да биде доставена:
- Формулар за аплицирање со пополнета скрининг листа за проверка на животна средина и социјални аспекти и помошни документи (опис и вид на проектни активности, фотографии од постоечки објект, надворешност и внатрешност на објектот).
- Имотен лист за понудената локација со која се потврдува дека објектот е во сопственост на општината или на Република Северна Македонија (РСМ). Доколку објектот е во сопственост на РСМ општината треба да достави изјава дека ќе отпочне постапка за добивање согласност за трајно користење на објектот од Владата на РСМ.
- Елаборат за нумерички податоци за локацијата на проектот
- Потпишана изјава со која општината се обврзува:
- Доколку објектот/просториите се во сопственост на РСМ ќе отпочне постапка за добивање на согласност за трајно користење на објектот,
- Да се грижи за функционирањето на објектот/просториите, да обезбеди приклучок на комунална инфраструктура да ги плати трошоците за приклучок за комунални услуги, да обезбеди вработување на соодветен кадар како и останатите трошоци поврзани со функционирање на објектот како група во други просторни услови.
- Ќе започне постапка пред општинскиот совет за донесување на Одлука за отстапување на општинскиот простор за отварање на група во други просторни услови.
Критериуми за предквалификација се :
1. Навремено доставена задолжителна документација
2. Финансирањето на просториите ќе зависи од проверката на влијанието на животната средина и социјалните аспекти на просторијата/иите направена од страна на Проектната единица во рамките на Министерство за труд и социјална политика.
Краен рок за достава на апликации е 01.04.2024 година
Апликациите треба да се достават електронски на:
natasa.madjevska@mtsp.gov.mk
По пошта на следната адреса:
Министерство за труд и социјална политика,
Проект за подобрување на социјалните услуги (ППСУ проект),
Даме Груев 14, 1000 Скопје, Република Северна Македонија,
со назнака: Повик за грант за проширување на капацитети на установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.