Известување за продолжување на Јавен повик до општините и општините во градот Скопје во Република Северна Македонија за доделување на грант за проширување на капацитетите на установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.

Во однос на објавениот Јавен повик до општините и општините во градот Скопје во Република Северна Македонија  за доделување на грант за проширување на капацитетите на установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, Ве известуваме дека крајниот рок за достава на апликации се продолжува до 15.05.2024 година


 Јавен повик до општините и општините во градот Скопје во Република Северна Македонија  за доделување на грант за проширување на капацитетите на установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст


Министерството за труд и социјална политика го имплементира  Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) со финансиска поддршка од Меѓународната Банка за обнова и развој (Заем бр: 8902 – МК). Проектот има за цел да го подобри пристапот до услугите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и пристапот до социјални услуги и надоместоци.

  1. Компонента 1:  “Промовирање на социјалната вклученост преку подобар пристап до социјални надоместоци и услуги”
  2. Компонента 2: “Проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на предучилишните услуги”
  3. Компонента 3:“Управување со проектот, следење и оценка”

Трите компоненти на Проектот вклучуваат различни видови на активности: развој на политики, поставување на сеопфатен систем на социјални услуги и системско спроведување на реформираните услуги преку проширена мрежа на даватели на социјални услуги, проширување на капацитетите и на квалитетот на услугите во установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст. 

Во рамките на компонента 2: “Проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на предучилишните услуги” е планирано финансирање  на проекти за проширување на капацитетите во предучилишните установи преку реновирање на постоечки училишни/општински простории.

Формуларот за аплицирање на општините за грант може да се превземе од веб страната на Проектот за подобрување на социјалните услуги: www.ssip.mk или преку доставување на барање до Проектната единица на следната електронска пошта: natasa.madjevska@mtsp.gov.mk


ПРЕВЗЕМИ ФОРМУЛАР ТУКА

Оперативен прирачник за администрирање на грантовите за изградба на предучилишна инфраструктура


Задолжителна документација која треба да биде доставена: 

  1. Формулар за аплицирање со пополнета скрининг листа за проверка на животна средина и социјални аспекти и помошни документи (опис и вид на проектни активности, фотографии од постоечки објект, надворешност и внатрешност на објектот).
  2. Имотен лист за понудената локација со која се потврдува дека објектот е во сопственост на општината или на Република Северна Македонија (РСМ). Доколку објектот е во сопственост на РСМ општината треба да достави изјава дека ќе отпочне постапка за добивање согласност за трајно користење на објектот од Владата на РСМ.
  3. Елаборат за нумерички податоци за локацијата на проектот
  4. Потпишана изјава со која општината се обврзува:
    1.  Доколку објектот/просториите се во сопственост на РСМ ќе отпочне постапка за добивање на согласност за трајно користење на објектот,
    2. Да се грижи за функционирањето на објектот/просториите, да обезбеди приклучок на комунална инфраструктура да ги плати трошоците за приклучок за комунални услуги, да обезбеди вработување на соодветен кадар  како и останатите трошоци поврзани со функционирање на објектот како група во други просторни услови.
    3. Ќе започне постапка пред општинскиот совет за донесување на Одлука за отстапување на општинскиот простор за отварање на група во други просторни услови.

Критериуми за предквалификација се :

  1. Навремено доставена задолжителна документација
  2. Финансирањето на просториите ќе зависи од проверката на влијанието на животната средина и социјалните аспекти на просторијата/иите направена од страна на Проектната единица во рамките на Министерство за труд и социјална политика.

Краен рок за достава на апликации е 15.05.2024 година


Апликациите треба да се достават електронски на:

natasa.madjevska@mtsp.gov.mk

контакт телефон: 070 329 377

По пошта на следната адреса:

Министерство за труд и социјална политика,

Проект за подобрување на социјалните услуги (ППСУ проект),

Даме Груев 14, 1000 Скопје, Република Северна Македонија,

со назнака: Повик за грант за проширување на капацитети на установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.