Успешно обучени над 600 лица стручен кадар од установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст од Скопскиот регион!

Скопје, 06.06.2024 – Министерството за труд и социјална политика преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, со поддршката на Светска банка, го спроведе третиот Модул на обуки „Инклузија и средина за учење“ за професионален развој на стручниот кадар од установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст од Скопскиот регион.

Обуката која започна во Ноември 2023 ја спроведе г. Дарко Кобетиќ меѓународниот експерт со значајно искуство во дизајнирање образовни програми и обуки за професионалци од предучилишната возраст. Во Септември обуките ќе продолжат да се спроведуваат во останатите региони на државата. Целта е да се зајакнат капацитетите на вработените во установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и да се подигне квалитетот на предучилишното згрижување.