Во Општина Кочани заврши обуката „Инклузија и средина за учење“ за стручниот кадар од установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возрастод општините: Кочани, Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица, Чешиново и Облешево, Зрновци и Виница. Обуките ги спроведува експертот за инклузија, Дарко Кобетиќ од Хрватска.
Целта е да се зајакнат капацитетите на вработените во установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и да се подигне квалитетот на предучилишното згрижување. Обуките се спроведуваат во рамките на Проектот за унапредување на социјалните услуги, Компонента 2 “Проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на предучилишните услуги”