Како и во другите општини, така и во општина Струга се реализираше обуката „Инклузија и средина за учење“ за стручниот кадар од установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст од општините: Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Кичево и Ресен. Обуките ги спроведува експертот за инклузија, Дарко Кобетиќ од Хрватска.
Целта е да се зајакнат капацитетите на вработените во установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и да се подигне квалитетот на предучилишното згрижување. Обуките се спроведуваат во рамките на Проектот за унапредување на социјалните услуги, Компонента 2 “Проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на предучилишните услуги”
Содржина и програма на обуката:
• Образовна инклузија – разлики во пристапите помеѓу медицински/ социјални/ модел на човекови права- теорија и практична работилница;
• Предуслови за инклузивно образование;
• Насоки во инклузивното образование;
• Постигнување на стандарди за инклузивни институции;
• Терминологија за инклузија;
• Правата на детето со фокус на децата од ранливите групи;
• Улоги и задачи на асистентите во установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст;
• Ранливи групи и потешкотии;
• Карактеристики на функционирање и практични совети за давање поддршка на деца со телесна попреченост и хронични заболувања, интелектуална попреченост и нарушување од спектарот на аутизам, емоционална попреченост и дефицит на внимание/ хиперактивност (АДХД);
• Карактеристики на функционирање и практични совети за давање поддршка на деца со специфични потешкотии во учењето (дислексија, дисграфија и дискалкулија). Стратегии за учење и 9 начини на приспособување кон децата;
• Вреднување на постигнувањата на децата врз основа на развојните области;
• Изработка на индивидуален образовен план, надзор во предучилишни установи – теоретска работа, карактеристики на функционирање и практични совети за давање поддршка на децата со сензорна попречености;
• Надзор во предучилишни установи – теоретска работа;
• Евалуација на инклузивен процес – теорија;
• Изработка на методологија за евалуација – практична работилница;
• Надзор на практичната работа – анализа на резултатите од практичната работилница и финализирање на методологијата;
• Обезбедување квалитет во инклузивни установи;
• Самоевалуација и размислување/ рефлексија за праксата.