Крива Паланка, 06.04.2023 – На работилницата за родители во градинката „Детелинка“ во Крива Паланка, беа презентирани влијанијата на слободните активности врз развојот на децата дома и во градинка. Работилницата ја отвори директорката на градинката а свое обраќање имаше и координаторот за ран детски развој при Проектот за подобрување на социјалните услуги. Работилницата ја водеше Сашка Пешовска, педагог во градинката.
Родителите имаа можност заедно со педагогот и воспитниот кадар да ги споделат искуствата и реакциите на децата на различниот тип активности кои ги спроведуваат. Ваквиот тип на работилници ја зголемува соработката на родителите со воспитниот кадар во градинката, но претставуваат и можност за размена на мислења и дилеми кои се појавуваат во воспитно-образовниот процес кај децата.