Скопје, 28.11.2025 – Ве информираме дека Министерството за социјална политика, демографија и млади, во општина Росоман ќе финансира реновирање на неискористени општински простории за пренамена во предучилишни занимални.
За таа цел се објавува нацрт-документ: Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални прашања, за јавен увид во наредните 14 дена.
Документи:
- Контролна листа предучилишна инфраструктура Росоман – Сирково
- Образец за коментари на Контролна листа-Росоман, Сирково
Документот го опишува влијанието врз животната средина и социјалните аспекти при реализација на градежните активности. Заинтересираните граѓани можат да достават коментари за Контролната листа, користејќи го приложениот образец или со испраќање порака на следните е-пошти:
– zoran.apostoloski@mtsp.gov.mk (Единица за управување со проектот).
Документот е достапен и на веб сајтот на Општина Росоман: https://opstinarosoman.gov.mk/2025/11/28/контролна-листа-на-план-за-управување/


