Прашање |
Социјални услуги |
28-11-2024 |
|
Одговорено |
29-11-2024 |
Прашање:
Jas kako zgrizuvacka sum upatena za lecenje na z.detence vo stranstvo .fondot plaka avionska karta i bolnicki uslugi dali nekoi osnovni troskovi se na moj teret ili na drzavata
Одговор:
Почитувана,
Во врска со Вашето прашање за надомест на трошоци како згрижувач кој ќе патува во странство за операција на детето, потребно е да контактирате со надлежниот Центар за социјална работа како старателски орган и со старателот на детето кој е надлежен за обезбедување на потребните услови за патување на детето и згрижувачот во странство заради здравствени причини.
Со почит,
Проект за подобрување на социјалните услуги
Прашање |
Социјални услуги |
08-11-2024 |
|
Одговорено |
08-11-2024 |
Прашање:
Негувателка сум во Кавадарци и контактирам и со негувателки од другите градови. Кај нас од Црвен крст не тераат дел од месечните и дневните формулари сами да си ги фотокопираме секој месец на наш тршок додека не е така во другите градови, тоа им го прават во црвен крст каде имаат неколу копери и принтери. Исто така координаторките одат кај корисниците еднаш на 3-4 месеци и им даваат наеднаш да ги потпишат сите записници без да им дадат еден примерок што потпишуваат. Да се опоменат да работат како што работат во другите општини. Они од нас земааат плата.
Одговор:
Почитувана,
Ви благодариме за доставените укажувања.
Би сакале да напоменеме дека секоја организација – давател на услуга самостојно одлучува за трошењето на средства наменети за тековни административни активности за давањето на социјалната услуга.
За сите дополнителни појаснувања за динамика на евиденција за работата во врска со давањето на социјалната услуга, ве молиме обратете се во надлежниот ЦСР.
Со почит,
Прашање |
Социјални услуги |
07-11-2024 |
|
Одговорено |
07-11-2024 |
Прашање:
Ние сме негователи за помош и нега во домот и ангажирани сме од Црвен Крст Кавадарци во проектот и не интересира зошто координаторот на проектот и Секертарот на Црвен Крст Кавадарци ни бараат по 200 денари за осигурување и плаќаме месечно по 200 денари без каса прими.
Одговор:
Почитувани,
Осигурувањето на вработените не е задолжително, однсоно не е предвидено во договорт за грант кој го имаме потпишно со општината и провајдерот.
Со одглед на тоа што ова не е предвидено во договорот, исто така немаме увид во договорот што сте го потпишале со Црвен крст, не можеме да се произнесеме за истото.
Ве молиме, обратете се во Вашата организација со која имате склучено договор.
Со почит,
Жалба |
Социјални услуги |
07-11-2024 |
|
Одговорено |
07-11-2024 |
Прашање:
Здраво, јас сум негувателка од Кавадарци ангажирана преку провајдерот црвен крст. Револтирани сме сите негувателки а на сите им е страв да прашаат бидејќи од црвен крст секој месец ни земаат за осигурување по 200 денари и тоа во кеш на рака без да ни дадат каса прими со печат. Се сомневаме дека сите пари не одат за наше осигурување туку само пола 100 денари, а другите дека одат за осигурување на објектот на црвен крст или завршуваат на друго место. Ве молам да проверите, бидејќи во другите градови им земаат за осигурување само по 100 денари месечно на сите негуватели. И дали ние треба сами да си плаќаме во кеш а не на жиро сметка или со картичка на терминал. Или пак фирмата - црвен крст треба да ни плаќа и да не осигура, бидејќи многу пари остануваат за црвен крст од овој вид на услуга.
Одговор:
Почитувани,
Осигурувањето на вработените не е задолжително, однсоно не е предвидено во договорт за грант кој го имаме потпишно со општината и провајдерот.
Со одглед на тоа што ова не е предвидено во договорот, исто така немаме увид во договорот што сте го потпишале со Црвен крст, не можеме да се произнесеме за истото.
Ве молиме, обратете се во Вашата организација со која имате склучено договор.
Со почит,
Прашање |
Социјални услуги |
15-10-2024 |
|
Одговорено |
15-10-2024 |
Прашање:
Дали лице кое е ангажирано како неговател од Црвен крст, може во исто време да учествува во активности што се организирани од истата организација и да биде во одборот(или како и да се вика) и да донесува одлуки. Зарем со самите тие активности тој неговател не ги оштетува корисниците и одзема од времето кое им следува и треба да биде на терен кај нив? Каде може да се пријават вакви и слични неправилности, анонимно ?
Одговор:
Почитуван/а,
Секој неговател може своето слободно време да го организира и троши на начин на кој нему најмногу му одговара, воедно и да учествува во други активности кои ги спроведува организацијата која го ангажирала.
Часовите од ангажманот како неговател треба да се одработат и не смеат да се злоупотребат за други активности, кои би биле на штета на корисниците.
Следењето на работното време на секој неговател е одговорност и на координаторот, кој во секое време треба да биде информиран за состојбата на терен.
Доколку лицето не го почитува работното време може да се обратите кај Координаторот и во Месно надлежниот Центар за Социјална работа.
Со почит,
ППСУ
Прашање |
Социјални услуги |
04-10-2024 |
|
Одговорено |
04-10-2024 |
Прашање:
Кога ќе бидат пуштени средствата за негователите? Некои од јуни немаат земено, а некои од август. И дали воопшто се планира со продолжување на проектот "помош и нега во домот"
Одговор:
Почитувани,
Би благодариме на прашањето. Би сакале да ве информираме дека Проектот за подобрување на социјалните услуги е целосно посветен на развој и одржливост на социјалните услуги.
Со цел да можеме да ви одговориме поконкретно ќе биде потребно да не информирате за која општина и давател на услуга станува збор.
Со почит,
Прашање |
Социјални услуги |
13-03-2024 |
|
Одговорено |
13-03-2024 |
Прашање:
Почитувани, како можам да аплицирам /се информирам за услугата за домашна нега и грижа на стари лица?
Се работи за лице со живеалиште во Општина Карпош, на 73 годишна возраст со тешки последици по прележан мозочен удар.
Благодарам.
Одговор:
Почитувани,
Ви благодариме за интересот! За услугата помош и нега во домот за територија на општина Карпош, за сите детали можете да се информирате кај давателот на услугата Црвен Крст на Град Скопје на телефонскиот број 075 352 246.
Со почит,
Проект за подобрување на социјалните услуги.
Прашање |
Социјални услуги |
15-12-2023 |
|
Одговорено |
15-12-2023 |
Прашање:
Добар ден.Ме интересира дали мерките за парична помош на средношколци и основци е ваш проект.Дали на вашата страна треба да чекаме објава
Одговор:
Почитувани,
Ви благодариме на прашањето.
Доколку вашето прашање се однесува за паричниот надоместок „Додадок за образование„ за деца во основно и средно, истото е регулирано во Законот за заштита на деца (не е проектна активност), и се администрираат во меѓуопштинските центри за социјална работа. Ве молиме, за поднесување на барање или информација околу постапката и условите за добивање на правото, обратете се во вашиот меѓуопштински центар за социјална работа согласно општината во која живеете/престојувате.
Со почит,
ППСУ
Прашање |
Социјални услуги |
05-12-2023 |
|
Одговорено |
05-12-2023 |
Прашање:
Јас сум од Кавадарци и во текот на 3 месеца обука 3,4 и 5 месец по обајавен конкурс од Црвен Крст Кавадарци за обука ЗА Негователа за помош и нега на стари лица и лица со попреченост со самофинансирање од 20,000 денари во месец Јуни го завршив курсот и добив лиценца за неговател од Црвен Крст Кавадарци.поминаа веќе 6 месеци и се уште чекаме да бидеме ангажирани,но од Црвен Крст Кавадарци ни одговорија дека до Министерството за социјална работа имаат поднесено барање за проширување на дејноста но се уште не е стигнато.Бидејќи пррдходните негователи сите се ангажирани а доааѓаат нови Решенија за помош и нега на стари лица се интересираме до каде е постапката со проширувањето на дејноста за негователи на Црвен Крст Кавадарци и кога ќе бидеме ангажирани поздрав и благодарам.
Одговор:
Почитуванa,
Општинската организација на Црвениот крст од Кавадарци беше финансирана од Проектот за подобрување на социјални услуги при воспоставувањето и во текот на првата година од давањето на услугата - помош и нега во домот. По изминување на овој период организацијата склуши управен договор со Министерството за труд и социјална политика и во моментов не е финансирана преку Проектот за подобрување на социјални услуги.
Во согласност со потребирте организацијата може да побара проширување на дозволата за работа, а постапката за истото и роковите за постапување на комисијата се пропишани во Законот за социјална заштита и релевантните правилници. Комисијата која ја издава дозволата за работа и проширување работи согласно пропишаната закнска и подзаконска регулатива и ги почитува роковите.
Доколку организацијата ги исполни пропишаните услови ќе доби проширување на дозволата за работа но кого, како и од кога одредено лице ќе биде ангажирано одлучува самата организација.
Со почит
Прашање |
Социјални услуги |
05-12-2023 |
|
Одговорено |
05-12-2023 |
Прашање:
Јас сум самохрана мајка од Кавадарци и од јуни месец 2023 година завршив курс и фобив лиценца за негувател на стари лица во домашни услови, со само финансирање од 20.000 денари. Од јуни месец до сега сеуште не сум ангажирана и јас и другите негуватели бидејќи Црвен крст Кавадарци требало да да добие проширување на дејноста за новите негуватели. Ме интересира до каде е постапката за проширување бидејќи има многу нови решенија за корисници кои чекаат, бидејќи нема слободни негуватели. Ако може да се убрза постапката за да може да бидеме ангажирани.
Одговор:
Почитувана,
Општинската организација на Црвениот крст од Кавадарци беше финансирана од Проектот за подобрување на социјални услуги при воспоставувањето и во текот на првата година од давањето на услугата - помош и нега во домот. По изминување на овој период организацијата склуши управен договор со Министерството за труд и социјална политика и во моментов не е финансирана преку Проектот за подобрување на социјални услуги.
Во согласност со потребирте организацијата може да побара проширување на дозволата за работа, а постапката за истото и роковите за постапување на комисијата се пропишани во Законот за социјална заштита и релевантните правилници. Комисијата која ја издава дозволата за работа и проширување работи согласно пропишаната закнска и подзаконска регулатива и ги почитува роковите.
Доколку организацијата ги исполни пропишаните услови ќе доби проширување на дозволата за работа но кого, како и од кога одредено лице ќе биде ангажирано одлучува самата организација.
Со почит
Прашање |
Социјални услуги |
01-12-2023 |
Natasa Trajkovska |
Одговорено |
01-12-2023 |
Прашање:
Колку деца се корисници на социјалната услуга лична асистенција?
Одговор:
Почитувани,
Ви благодариме на прашањето.
Проектот за подобрување на социјалните услуги нема податок кој би опфатил бројка на корисници од целата држава.
Со почит,
Прашање |
Социјални услуги |
01-11-2023 |
|
Одговорено |
01-11-2023 |
Прашање:
ДАЛИ ПО ПОДНЕСЕН ПРЕПИС ОД МИСЛЕЊЕ ОД КОМИСИЈА ОД 8-МИ СЕПТЕМВРИ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА-ГАЗИ БАБА , НА РАКА , ЗАТОА ШТО МИСЛЕЊЕТО НЕ ГО ДОБИЈА 4 МЕСЕЦИ, А КОМИСИЈАТА ТВРДЕШЕ ДЕКА Е ИСПРАТЕНО, Е ДОКУМЕНТ ВАЛИДЕН ПО КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ИЗГОТВИ РЕШЕНИЕ, ИЛИ НЕ?ДАЛИ МОРА ДА СЕ ЧЕКА ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ДА СЕ ПРИМИ МИСЛЕЊЕТО?
Одговор:
Почитувани, Ви благодариме на прашањето но, нашиот проект не би можел да одговори на Вашето прашање.
Ве молиме да се обратите до општинскиот центар за социјална работа Гази Баба, согласно Вашето живеалиште/престојувалиште, каде би се информирале за постапката на вашиот предмет.
Со почит
Прашање |
Социјални услуги |
20-10-2023 |
|
Одговорено |
25-10-2023 |
Прашање:
Почитувани, јас сум лиценцирано лице за нега на стари лица, би сакала да прашам согласно вашата програма во општините каде што се реализира истата, дали се дозволени 180 работни часа месечно?
Со почит
Одговор:
Почитуван/а,
Ангажирањето на лица (негуватели) во рамките на проектите за Помош и нега во домот е регулирано со договор помеѓу негувателот и организацијата која го ангажира при што мора да се почитуваат важечките позитивни прописи кои ја регулираат оваа област.
Со почит, ППСУ
Прашање |
Социјални услуги |
09-10-2023 |
|
Одговорено |
09-10-2023 |
Прашање:
1. Дали и кога ќе има нов повик од Проектот за подобрување на социјалните услуги по однос на Компоненетата 1;
2. Во кој износ е грантот? и
3. Дали приватна домашна компанија може да аплицира.? Доколку не, во која друга форма на регистриран субјект може да се аплицира на повикот?
Одговор:
Ви благодариме на интересот. Секој повик за грант се објавува на социјалниот медиуми https://www.facebook.com/Se.Grizhime , каде сите услови за добивање грант детално се објаснети. Следете нè, за да се информирате навремено.
Прашање |
Социјални услуги |
06-09-2022 |
|
Одговорено |
06-09-2022 |
Прашање:
Dali sleduva ednokratna pomos za treto dete?
Одговор:
Почитувани,
Ви благодариме на прашањето.
Ве молиме да се обратите до општинскиот центар за социјална работа, согласно Вашето живеалиште/престојувалиште, каде би се информирале за правата од детската заштита но и за критериумите/условите за остварување на правото на родителски додаток за дете.
Со почит,
Проект за подобрување на социјалните услуги
Прашање |
Социјални услуги |
02-09-2022 |
Gordana GJORGJIEVSKA |
Одговорено |
02-09-2022 |
Прашање:
Sakam da postavam prashanje vo vrska so pomos i griza za vosrasno lice. Imeno mojot tatko ima 81 god i e nepodvizen a za nego se grizi mojata majka koja isto taka ima 81 god. Dali ima sha nsi da se isprati negovatel koj ke i pomaga na majka mi?
Одговор:
Почитуванa,
Ве молиме пишете ни за која општина се работи за да можеме да Ве информираме дали Проектот за подобрување на социјалните услуги се спроведува во таа општина.
Ви благодариме!
Со почит,
Проект за подобрување на социјалните услуги.
Прашање |
Социјални услуги |
30-07-2022 |
|
Одговорено |
05-08-2022 |
Прашање:
Во врска со проектот нега и грижа за стари лица и лица со попреченост, ме интересира кога корисникот не може да се навикне на негувателот и обратно, а се запознаени и координаторот и останатите главни во Општината кои учествуваат во проектот, единствено решение за нив е напуштање на проектот. Дали е така или засегнатите страни би можеле да се обратат и на некој друг за решавање на проблемот? И каде бидејќи ниту корисникот, ниту негувателот не би сакале да го напуштат проектот туку едноставно би сакале да пробаат со друг негувател /корисник но координаторот не дозволува? Однапред ви благодарам на одговорот.
Одговор:
Почитуван/а,
Во врска со прашањето кое сте го поставиле би сакале да ве известиме дека секоја страна која ја спомнувате, (координаторот, негувателот и корисникот) имаат јасно дефинирани улоги, права и обврски и секој од нив е потребно да постапува според своите надлежности. Ваквите ситуации е потребно да бидат менаџирани од страна на давателот на услугата, односно одговорните лица во истата.
Со почит.
ППСУ
Прашање |
Друго |
10-07-2022 |
Miranda bexheti |
Одговорено |
12-07-2022 |
Прашање:
Pozz sakam da znam dali mozam I jas da se vklucim vo programa posto sum nevrabotena I zivem pod kiria mi treba rabota
Одговор:
Почитувана,
Ве молиме пишете ни за која општина прашувате, како би можеле да провериме дали Проектот за подобрување на социјалните услуги се спроведува во таа општина и доколку се спроведува кој давател на услуга ја спроведува услугата, за да можеме да Ве упатиме да се обратите кај давателот на услугата за да проверите дали има потреба од дополнителен кадар.
Ви благодариме за интересот!
Со почит,
Проект за подобрување на социјалните услуги
Прашање |
Социјални услуги |
23-05-2022 |
Диме Крстев лиценциран неговател на стари лица од општина Кавадарци |
Одговорено |
17-06-2022 |
Прашање:
Ме интересира јас се грижам за 3 лица неговател на стари лица во домот со добиени решенија од ЦСР Кавадарци.Црвен Крст Кавадарци е со добиена лиценца,Бидејќи има патничко возило добиено во Црвен Крсте Кавадарци во врска со проектот ,Фита Типо.Дали може да ги носам до болница корисниците кога имаат упат од матичен лекар со донираното возило.Бидејќи во месец Март побарав од координаторот на проектот од Црвен Крст за да однесам медицинска сестра да му земе крв поради анализа на корисникот но истата ми рече дека возилото не било за таа намена можете ли да ми објаснете за која намедна е донираното возило поздрав и благодарам Диме Крстев Кавадарци.
Одговор:
Почитуван Диме,
Давателот на услуга, согласно договорот за грант, потребно е возилото да го користи исклучиво за потребите за испорака на услугата, согласно можностите и направена проценка на потреби кои произлегуваат од активностите што се регулирани со правилникот за помош и нега во домот.
Со оглед на тоа што поставувате конкретно прашање кое се однесува на специфична потреба на корисник која не е дефинирана со правилникот за помош и нега во домот, неопходно е да се направи проценка од страна на координаторот на услугата за реалните потреби на корисникот.
Оттука, Ве упатуваме на комуникација со координаторот на услугата во Црвен Крст Кавадарци, со цел заедничко утврдување на потребите и можностите за користење на возилото.
Со почит,
ППСУ
Прашање |
Социјални услуги |
29-04-2022 |
|
Одговорено |
25-05-2022 |
Прашање:
Zainterisirana sum za formiranje na Socijalno zdruzenie za davanje na social I uslugi.Moze li da mi dadete nasoki Kade da se obratime kako I na koj nacin funkcionira I koi uslugi moze da se vrsi prekun zdruzenieto , Pozdrav
Одговор:
Почитуван/а,
На следниот линк: www.nvosorabotka.gov.mk/?q=mk/node/35 - можете да добиете повеќе информации како се основа здружение на граѓани.
Додека пак за тоа како е регулирано работењето на социјалните услуги би можеле да се информирате од Законот за социјална заштита и правилниците кои се истакнати на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика, а кои можете да ги најдете на следниот линк: https://www.mtsp.gov.mk/. На оваа веб страница, може да се информирате за типот на социјални услуги кои што во моментов се достапни, како и за следниот повик за доделување на грантови за развој на социјални услуги на локално ниво. Доколку сте заинтересирани за повеќе детали, ве молиме побарајте не на: +389 2 3296 291
Со почит,
Проект за подобрување на социјалните услуги
Прашање |
Социјални услуги |
21-04-2022 |
Марика Поповска |
Одговорено |
21-04-2022 |
Прашање:
Проектот помош и нега на стари лица треба да го проширите и за лица со попреченост,не само за лица над 65 години
Одговор:
Почитувана Марика,
Согласно правилникот за за давање на социјалната услуга помош и нега во домот, услугата може да се дава и за лица со попреченост и за други лица со намален функционален капацитет. Во зависност од тоа во која општина се дава услугата и кој е давател на услугата целната група се разликува во моментот. Со оглед на тоа дека Проектот за подобрување на социјалните услуги интензивно работи на развојот на истите, достапноста да се проширува и се поголем е опфатот на корисници, вклучувајќи ги и лицата со попреченост.
Со почит,
ППСУ
Прашање |
Социјални услуги |
23-03-2022 |
|
Одговорено |
23-03-2022 |
Прашање:
Дали услугата е само за пензионери?
Одговор:
Почитуван/а,
Доколку Вашето прашање се однесува за услугата Помош и нега во домот, на следниот линк информирајте се за основните предуслови кои треба да бидат исполнети:
www.facebook.com/Se.Grizhime/photos/pcb.376579270966371/376578287633136/
За услугата помош и нега во домот, корисник може да биде старо лице со навршени 65 години, кој не може да се грижи за себе.
Доколку имате дополнителни прашања, слободно пишете ни повторно или контактирајте не на нашата маил адреса: info.ssip@mtsp.gov.mk
Со почит.
ППСУ
Жалба |
Социјални услуги |
19-12-2021 |
|
Одговорено |
22-12-2021 |
Прашање:
Dali drzavata dava novagodisni paketi na deca cie semejstvo e socijalen slucaj?
Одговор:
Почитувани,
За жал, не би можеле да ви одговориме на прашањето, бидејќи ваквите активности не се во надлежност на “Проектот за подобрување на социјалните услуги“. Ве охрабруваме да се обратите во општината каде што живеете за да добиете соодветен одговор.
Со почит,
Прашање |
Пред училишно згрижување и воспитание |
25-10-2021 |
|
Одговорено |
25-10-2021 |
Прашање:
Дали со овој проект се доделуваат грантови само на државни институции (општини) за подобрување на инфраструктурни услови во градинките или е планирано соработка и со приватните установи за деца - приватни детски градинки? Доколку да, каде може да се добијат повеќе информации за условите за апликација итн.?
Одговор:
Почитуван/а,
Проектот за подобрување на социјалните услуги, го помага подобрувањето на инфраструктурните услови во предучилишно згрижување и воспитание на деца на целата територија на Р.С. Македонија, преку доделување на грантови. Согласно правилата за доделување на средства на јавните конкурси може да се јават општините.
Со почит,
Проект за подобрување на социјалните услуги
Жалба |
Пред училишно згрижување и воспитание |
20-10-2021 |
|
Одговорено |
21-10-2021 |
Прашање:
Ве молам за разгледување на протоколот за влез во градинка. Децата не приморуваат да ги носиме на работа од 6 до 6.10, а ние сме на работа од 8 или 9. Која е логиката да мали деца стануваат уште сега толку рано кога семеството нема потреба. Разговарано е со управата кажуваат дека тоа доаѓа од министерство. Ве молам за ревизија на овие протоколи да се дозволи да биде согласно потребите на семејството, некако им текнало на воспитувачките. Доаѓа во 6 да бидат слободни во 12.
Одговор:
Почитувани, Благодариме на Вашата порака.
Протоколите за влез во градинките не се во наша надлежност.
Ве молиме, обратете се до Секторот за заштита на деца.
Со почит,
Проект за подобрување на социјалните услуги
Жалба |
Социјални услуги |
13-09-2021 |
|
Одговорено |
13-09-2021 |
Прашање:
Tugja nega oddrugo lice jas sum bolna veke 20 god nekolku god zimav tugja nega sega nema skoro 7 meseci nemma termin vo strumica ni radovis majka bolna na 3 deca i tatko pocinat 6 god stradam od hronicna depresija psihicki inervno vo mene nema nisto veke zdravo stradam od glava crn drob srce zeludnik i drugi raboti samo lezam vo krevet ne izleguvam nikade za da ne me napadne nekoj doma ne mozam nisto da rabotam rabotam nemam volja za zivot ne mmozam da se hranam od zeludniko a i nemame sto da jademe moite lekoovi gi kupuvam so parite od socijalno ne mi stasuvat pisam po aptekite a i oni ne mmi davat veke lekovite se skapi a moram da gi pijam mesecno po niv davam okolu 15 iljadi a za leb ako ima decata me bajnat zasto mi e strah oni mi pomagaat ama veke i oni placaat od mene mamo i nije ke se razboleme i toa ako nesto gi sleduva decata oti se so eden roditel i toa nesposoben i negata sto ja zimav da mi prodolzi blagodaram
Одговор:
Почитувани, Проектот за подобрување на социјалните услуги се залага за проширување и подобрување на социјалните услуги и на установите за згрижување и воспитание на деца.
Нашиот проект не работи во областа на правата од социјална заштита поради што не би можел да одговори на Вашето барање.
Ве молиме, обратете се до најблискиот Центар за социјална работа и/или посетете ја и официјалната web страна на Министерството за труд и социјална политика (www.mtsp.gov.mk) и проверете го делот на контакти: (www.mtsp.gov.mk/kontakti.nspx), како и контакти со институции: (www.mtsp.gov.mk/institucii.nspx).
Со почит.
Прашање |
Социјални услуги |
07-09-2021 |
Диме Крстев од Кавадарцк |
Одговорено |
07-09-2021 |
Прашање:
Ве молам дали може да ми испратите образец БАРАЊЕ за услуги во домот за да поднесиме до Центар за Социјална работа.Благодарам однапред
Одговор:
Почитуван Диме,
Барање за услуга помош и нега во домот ќе можете да добиете во Центарот за социјална работа - Кавадарци (e-mail: jumcsrKavadarci@mtsp.gov.mk) или кај давателот на услуга Црвен крст на Кавадарци.
(e-mail: kavadarci@redcross.org.mk, контакт телефон 076/674-018 и 078/416-599
Воедно ќе можете со нив да се консултирате и за останатите документи и услови кои е потребно да ги исполните за да ја добивате услугата.
Имајте убав ден!
Задоволен од одговорот: ДА
Жалба |
Социјални услуги |
19-04-2021 |
|
Одговорено |
20-04-2021 |
Прашање:
Poz imam dve deca nemam pari da mu kupuvam jadenje pienje nemam za kupuvanje alista na deteto ni rabota ni nisto nemam nitu eden dinar u xheb a maloto plaqe za mleko imam potreba od ednokratka pomos ve mollam pomognete:(
Одговор:
Почитувани,
Проектот за подобрување на социјалните услуги се залага за проширување и подобрување на социјалните услуги и на установите за згрижување и воспитание на деца.
Нашиот проект не би можел да одговори на Вашето барање.
Ве молиме, обратете се до најблискиот Центар за социјална работа и/или посетете ја и официјалната web страна на Министерството за труд и социјална политика (www.mtsp.gov.mk) и проверете го делот на контакти: (www.mtsp.gov.mk/kontakti.nspx), контакти со институции (www.mtsp.gov.mk/institucii.nspx) како и контакти со Центрите за социјална работа (www.mtsp.gov.mk/ns_article-kontakti-csr.nspx).
Со почит.
Прашање |
Социјални услуги |
15-04-2021 |
Општина Конче |
Одговорено |
15-04-2021 |
Прашање:
Кога се планира да биде објавен нов повик за Проектот за подобрување на социјални услуги по општините?
Одговор:
Почитувани, Во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги се поддржува развојот на Социјалните услуги на локално ниво.
МТСП имаше објавено јавен повик на кој општините имаа можност да аплицираат со соодветни проекти. Општините во согласност со потребите на локално ниво, одлучуваат со каков проект ќе аплицираат. Согласно проектните активности, Министерството во текот на оваа година ќе објави нов повик на кој повторно општините ќе имаат можност да аплицираат. Со почит
Прашање |
Пред училишно згрижување и воспитание |
13-04-2021 |
Rozeta |
Одговорено |
13-04-2021 |
Прашање:
Vo Kisela Voda vo site gradinki ima lista na cekanje za zapisuvanje na bebinja vo jasli, vo site gradinki bev i site rekoa kje me kontaktiraat za 3 meseci do 1 godina da cekam. Ve molam da mi kazete kako kje go resite ova prasanje, jas sum majka na koja i istekuva trudnickoto boleduvanje i za pomalku od 1 mesec treba da se vratam na rabota. Pozdrav
Одговор:
Почитуванa Розета, Ви благодариме на поставеното прашање. Проектот за подобрување на социјалните услуги се залага за проширување и подобрување на социјалните услуги и на установите за згрижување и воспитание на деца. Нашиот проект не би можел да одговори на Вашето прашање. Ве молиме, обратете се до институцијата согласно Вашата постапка. Посетете ја официјалната web страна на Министерството за труд и социјална политика (www.mtsp.gov.mk) и проверете го делот на контакти (www.mtsp.gov.mk/kontakti.nspx) и контакти со институции (www.mtsp.gov.mk/institucii.nspx). Со почит.
Предлог |
Пред училишно згрижување и воспитание |
12-04-2021 |
Ana |
Одговорено |
12-04-2021 |
Прашање:
Да се продолжи породилното отсуство. Аргументи и факти има многу, општо познати за сите.
Однапред благодарам
Одговор:
Почитуванa Ана, Ви благодариме на предлогот.
Проектот за подобрување на социјалните услуги се залага за проширување и подобрување на социјалните услуги и на установите за згрижување и воспитание на деца.
Бидејќи нашиот проект не би можел да одговори на Вашиот предлог, посетете ја официјалната web страна на Министерството за труд и социјална политика (www.mtsp.gov.mk) и проверете го делот на контакти (www.mtsp.gov.mk/kontakti.nspx) и контакти со институции (www.mtsp.gov.mk/institucii.nspx). Со почит.
Прашање |
Социјални услуги |
09-04-2021 |
Христо Кировски |
Одговорено |
09-04-2021 |
Прашање:
Поднесов барање за социјална старосна пензија од 1-ви октомври 2020, во домот ме посети комисија на 8-февруари 2021,каде се потпишавме со сопругата и ни беше кажано дека ги исполнувам сите услови за старосна пензија. Парите не се исплатени се уште, а со оглед на пандемијата, би Ве замолил да ми пишете кога ќе можам да ги добијам средствата, бидејќи одам во банка, чекам на ред и ме враќаат. Имам 79 години и со оглед дека сме во пик на пандемија, би Ве замолол да ми пишете отприлика кога ќе почне исплата на средствата, бидејќи ми се многу потребни, а секојдневното чекање ред пред банка е многу тешко и опасно. Ви благодарам однапред Христо Кировски
Одговор:
Почитуван Христо,
Ви благодариме на поставеното прашање.
Проектот за подобрување на социјалните услуги се залага за проширување и подобрување на социјалните услуги и на установите за згрижување и воспитание на деца.
Нашиот проект не би можел да одговори на Вашето прашање. Ве молиме, обратете се до институцијата согласно Вашата постапка. Посетете ја официјалната web страна на Министерството за труд и социјална политика (www.mtsp.gov.mk) и проверете го делот на контакти (www.mtsp.gov.mk/kontakti.nspx) и контакти со институции (www.mtsp.gov.mk/institucii.nspx).
Со почит.
Коментар |
Друго |
09-04-2021 |
|
Одговорено |
09-04-2021 |
Прашање:
Ве замолувам да размислите за развој на услуги во заедницата, дневен престој, окупациони терапија, живеење со поддршка за лица кои имаат психијатриски заболувања . Нема стратегија која го разработува проблемот дека никој не зборува за оваа категорија на граѓани.
Одговор:
Почитувани, Ви благодариме на изразениот коментар. Со почит
Прашање |
Социјални услуги |
05-04-2021 |
Ана |
Одговорено |
05-04-2021 |
Прашање:
Кога ќе може да се користат услугите во домот? Како ќе може да се аплицира за оваа услуга?
Одговор:
Почитувана Ана,
Во рамките на Проектот за развој на социјални услуги се подржува развојот на Социјалните услуги на локално ниво. МТСП има објавено еден јавен повик на кој општините имаа можност да аплицираат со соодветни проекти. На повикот беа поднесени 62 апликации. Селектирани за финансирање се 24 апликации. Динамиката за отпочнување на давање на услугите е различна за секоја апликација/општина. Во месец Јуни 2021 година во определени општини ќе почне да се даваат услугите за кои аплицирала општината. Корисници на услугите можат да бидат лица за кои надлежниот ЦСР има издадено решение за користење на услугата. Корисниците може да аплицираат во меснонадлежниот Центар за социјална работа на нивната територија.
Прашање |
Пред училишно згрижување и воспитание |
02-04-2021 |
Љупка Ристоб |
Одговорено |
02-04-2021 |
Прашање:
Дали има потреба од ангажман за општина Велес од социјална дејноат услуги работа со деца или нешто слично поврзано со проектот и структурата
Одговор:
Почитувана,
Во рамките на Проектот за развој на социјални услуги се подржува развојот на Социјалните услуги на локално ниво. МТСП има објавено еден јавен повик на кој општините имаа можност да аплицираат со соодветни проекти. Општините во согласност со потребите на локално ниво одлучуваат со каков проект ќе аплицираат. На повикот беа поднесени 62 апликации. Селектирани за финансирање се 24 апликации. Општина Велес имаше поднесено проектна апликација но проектот не е дел од избраните 24 проекти. Согласно проектните активности Министерството во текот на оваа година ќе објави нов повик на кој повторно општините ќе имаат можност да аплицираат.
Со почит
Прашање |
Социјални услуги |
07-03-2021 |
Dragica |
Одговорено |
15-04-2021 |
Прашање:
Zdravo jas sakam da prasam kako moze da mi pomogne nekoj jas sum so maloletno dete mazomi e vo zatvor a jas sum nevrabotena nemam nikakvo primanje odnapred blagodaram
Одговор:
Почитуванa Драгица, Ви благодариме на прашањето.
Проектот за подобрување на социјалните услуги се залага за проширување и подобрување на социјалните услуги и на установите за згрижување и воспитание на деца.
Бидејќи нашиот проект не би можел да одговори, Ве молиме посетете ја официјалната web страна на Министерството за труд и социјална политика (www.mtsp.gov.mk) и проверете го делот на контакти (www.mtsp.gov.mk/kontakti.nspx) и контакти со институции (www.mtsp.gov.mk/institucii.nspx). Со почит.
Прашање |
Социјални услуги |
22-01-2021 |
Катерина Станковиќ |
Одговорено |
22-01-2021 |
Прашање:
Почитувани,
Дали ќе можеме да добиеме линк каде се прикачени документите за Проектот за подобрување на социјални услуги кој го поддржува креирањето и проширувањето на превентивните и социјалните услуги во домот и во заедницата преку лиценцирани даватели на социјални услуги на локално ниво.
Со почит
Одговор:
Почитувана Катерина Станковиќ,
Сите информации и документи за Проектот за подобрување на социјални услуги можете да ги најдете на сајтот на Министерството за труд и социјална политика. Линк кој води до Проектот за подобрување на социјални услуги
https://mtsp.gov.mk/proekt-za-podobruvanje-na-socijalnite-uslugi.nspx
Со почит
Предлог |
Социјални услуги |
13-01-2021 |
Општина Бутел |
Одговорено |
13-01-2021 |
Прашање:
ДО:
Единица за управување со проекти
Проект за подобрување на социјалните услуги
ПРЕДМЕТ: Барање за назначување на одговорно лице од ЦСР-Подрачна единица Бутел 1
Согласно одобрениот Проект за развој на социјални услуги за помош и нега на стари лица во нивните домови, кој треба да се реализира на подрачјето на општините Бутел и Чучер Сандево, со цел навремена и успешна реализација на активностите за воспоставување на социјалната услуга, бараме да ни назначите одговорно лице од ЦСР-Подрачна единица Бутел 1 и ЦСР-Подрачна единица Шуто Оризари.
Центрите за социјална работа (ЦСР) имаат значајна улога во обезбедување на поддршка во развојот на социјалната услуга на подрачјето на двете општини, поради што е потребна соработка со одговорно лице со цел развивање на квалитетна социјална услуга за стари лица.
Со почит,
ОПШТИНА БУТЕЛ
ПО ОВЛАСТУВАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИК
СУЗАНА ИЛИЕВСКА
Одговор:
Почитувани,
Во текот на наредната недела претставниците на Проектната единица ќе одржат средба со претставниците на општината и давателот на услуга во вашата општина при што ќе разговараме за сите аспекти за воспоставувањето и давањето на услугата како и вклучувањето на ЦСР Скопје со цел подобра координација и имплементација на активностите.
Со почит,
Прашање |
Социјални услуги |
27-11-2020 |
|
Одговорено |
27-11-2020 |
Прашање:
Zosto nemame odgovor vo vrska so zalbata za minimalna garantirna pomos
Одговор:
Прашањето не соодветствува со надлежностите на проектот.
Прашање |
Социјални услуги |
24-09-2020 |
|
Одговорено |
28-09-2020 |
Прашање:
Добар ден, ме интересира за проектот за подобрување на социјални услуги, кои оптини го добија Проектот, бидејки обавестување од Ваша страна не добивме. Проектот беше аплициран до 30 Април.
Со почит!
Одговор:
Почитувани на повикот за развол на социјални услуги избрани се аполикациите на следниве општини
Тетово 2 – ЗГ “Имаго плус“
Берово – ЈОУ Дом за стари лица „Иван Влашки“ - Берово
Бутел/Чучер Сандево – АДРА Скопје
Град Скопје – Национално мрежа против врз жените и семејно насилство
Демир Капија – ЗГ „Хуманост“
Јегуновце/Теарце/Желино – ЗГ „Милениум“
Карпош 2 – Црвен Крст на РСМ
Кичево – Црвен Крст – Кичево
Кочани/Зрновци/Чешиново-Облешево – Црвен Крст Кочани
Крива Паланка - – Црвен Крст Крива Паланка
Липково – ЗГ „Имаго Плус“
Ново Село/Василево – Црвен крст Струмица
Струмица - Опен Харт
Македонски Брод – Црвен Крст
Карпош 1 - МОПИ
Гази Баба 1 – СОС детско село
Кавадарци – Црвен Крст Кавадарци
Кисела Вода 2 – ЗГ„Хера“ Нега плус
Чаир – Црвен Крст на Град Скопје
Струга – Црвен Крст Струга
Делчево 2 – Бравура Кооператива
Демир Хисар-Црвен Крст на Демир Хисар
Шуто Оризари – ЗГ - Амбрела, Ириз, СОС, Ден до Вас и Хопс
Центар Жупа – Црвен Крст Дебар
Прашање |
Социјални услуги |
04-09-2020 |
|
Одговорено |
04-09-2020 |
Прашање:
во врска со Проектот за подобрување на социјалните услуги од оперативниот пеирачник за администрирање на грантови за развој на социјалните услуги во дел 2 Скенирање на состојбата со животната средина и пообавените разговори соГ-ѓа Славјанка бараме да ни доставите Формулар за животна средина во Word документ за да можиме да го пополниме.
Со почит
Лидија
Одговор:
Документот е испратен во word верзија
Прашање |
Друго |
10-01-2020 |
Општина Чашка |
Одговорено |
13-01-2020 |
Прашање:
Дали со овој проект може да се аплицира за реновирање и адаптација на постоечки објект сопственост на општината, кој потоа ќе работи како Дневен центар за лица со посебни потреби.
Одговор:
Почитувани,
Ви благодариме на поставеното прашање.
Грантот кој се доделува за развој на социјални услуги е поделен на два дела, првиот дел е за воспоставување на услугата, каде е дозволена адаптација и набавка на опрема , но не е дозволена нова градба. Секако просторијата која ќе се адаптира треба да е средена имотно-правно, односно да е во сопственост на општината.
Со почит
Прашање |
Социјални услуги |
09-01-2020 |
Општина Крива Паланка |
Одговорено |
09-01-2020 |
Прашање:
Почитувани,
Дали ќе може да ми го испратите формуларот за аплицирање за Проектот за подобрување на социјалните услуги, бидејќи на линкот од Вашата страна го нема.
Поздрав и Ви благодарам
Одговор:
Почитувана,
Во текот на вчерашниот ден преку ЗЕЛС до сите општини во Република Северна Македонија е испратен оперативниот прирачник за администрирање на грантовите за развој на социјалните услуги, каде од страна 31 па натаму е формуларот за апикацијата.
Исто така, во наредниот период ќе добиете и техничка поддршка за подготовка на апликацијата и подготовка на самиот предлог проект од страна на Компанија која е ангажирана за таа намена во рамки на проектот.
Доколку имате дополнителни прашања Ве молам да не контактирате
Прашање |
Друго |
20-12-2019 |
T.p.Risa Fashion |
Одговорено |
20-01-2020 |
Прашање:
Dali e mozhno na sekoj dva meseca da imame kontrolla ot vashite ispektori seko ftori mesec mu kazhuvam deka vashite kolegi su bile pre t dva meseseca i mu ja prikazham zapisnikot ne ma veze dobivame odgovor e se se gleda de ka nema nikakvi prekrshoci sve e redovno shto go baral kolega i e zaveren na zapisnik istoto go bara i ovoj samo shti novo ima ja bara plara za 11/2019 poveqe ot toa dali e bo ret so ova ve molime da mise obratite na email vi blagodarime ot napret
Одговор:
Формуларот за аплицирање и образецот за предлог проектот и будџетот ќе биде доставен до сите општини кои пројавија интерес на почетокот на следната недела и ќе биде ставен на веб страната на МТСП.
Прашање |
Пред училишно згрижување и воспитание |
31-10-2019 |
|
Одговорено |
07-11-2019 |
Прашање:
Dali se raboti za da se podobrat sretstvata za zgrizenite deca vo semejstva zosto edno dete od 5 godini nemoze da se izdrzuva so nivnite primanja
Одговор:
Висината на средствата за згрижување се веќе покачени од 2020 година. Центрите за социјална работа веќе имаат добиено насоки да ги донесат новите решенија со новите износи
Прашање |
Пред училишно згрижување и воспитание |
30-10-2019 |
Sanel Ramovic |
Одговорено |
06-11-2019 |
Прашање:
Dali moze da ucestvuvat fizicki lica i ako bi mozelo na kakov nacin pozzz
Одговор:
Не , на повикот може да аплицираат Општините со избрани партнери
Прашање |
Пред училишно згрижување и воспитание |
30-10-2019 |
|
Одговорено |
07-11-2019 |
Прашање:
sakam da daprasam za zgrizenite deca vo semejstva sto se zdravi daLlillll ministerkata pLlanira da im go podobri zivotot i da im gi pokaci sredstvata sto gi primaat iLi misLi deka se dovoLni onie sto gi zemaat 9000den. Vi bLagodaram za odgovorot odnapred.
Одговор:
Висината на средствата за згрижување се веќе покачени од 2020 година. Центрите за социјална работа веќе имаат добиено насоки да ги донесат новите решенија со новите износи
Предлог |
Социјални услуги |
30-10-2019 |
Irina N.Petroska |
Одговорено |
06-11-2019 |
Прашање:
Почитувани,
Иако досега многу пати е прашувано, барано и дискутирано, но без особен напредок, сакам да побарам решавање на проблемот со персоналните асистенти за лицата со ппсебни потреби. Имено, во општина Тетово училиштата ( специјални паралелки и редовни училишта) немаат целодневна настава, така што на семејствата им е потребна поддршка во текот на денот вон од училиштето за да може да работат полно работно време и да остваруваат егзистенција за своето семејство.И покрај бројните барања и апликации доставени до општината, сеуште нема одговор.
Одговор:
Почитувана,, асистентите во настава се обврска на Министерството за образование и наука. Моментално асистентите во настава се обезбедуваат преку програмата Општинско корисна работа, преку АВРМ и со поддршка на УНДП...пред почетокот на училишната година општините пријавуваа потребен број на асистенти во училиштата...МТСП финансира асистенти но за лица над 18 години, за вклучување во работен процес, учество на културни и спортски активности, поддршка при одржување на лична хигиена и сл. Ве молам за нбарање за целодневна настава да доставите допис и до МОН.
Прашање |
Социјални услуги |
29-10-2019 |
Наташа Амдију |
Одговорено |
07-11-2019 |
Прашање:
Дали една општина може да аплицира со две предлог-идеи?
Одговор:
Согласно упатството за администрирање на грантовите за развој на социјални услуги, секоја општина може да аплицира со максимален број на два проекти
Прашање |
Социјални услуги |
26-10-2019 |
|
Одговорено |
30-11-2018 |
Прашање:
До каде е сета работа со Проект за подобрување на социјалните услуги нели требаше да има средства коишто требаше да се распределат по Општините нели требаше да има посети на сите Општини за таа цел?
Одговор:
Повикот до општините за доделување на грантови е еобјавен на 31.12.2019
Прашање |
Друго |
17-10-2019 |
|
Одговорено |
19-10-2019 |
Прашање:
Ako opstinata aplicira za poveke razlicni aktivnosti so razlicni partneri,dali treba site da bidat na eden formular za interes ili treba na posebni formulari.
Одговор:
Ако се различни партнери , треба да бидат и поединечни формулари
Прашање |
Социјални услуги |
16-10-2019 |
|
Одговорено |
19-10-2019 |
Прашање:
Дали со проектот за подобрување на социјалните услуги ке се финансира реновирање и адаптација на објекти, со цел отварање на центар за лица со посебни потреби?
Одговор:
Со проектот се финансираат внатрешни тации на објекти и набавка на опрема , но до максимален износ од 30000 евра
Прашање |
Социјални услуги |
14-10-2019 |
Oпштина Тетово |
Одговорено |
16-10-2019 |
Прашање:
Дали општината може со една апликација да вклучи две даватели на услуги или треба една апликација со еден давател на услуга?
Одговор:
Почитувани,
Општините може да аплицираат за повеќе услуги при што за секоја услуга треба да поднесат посебна апликација.
Со почит,
Предлог |
Социјални услуги |
27-09-2019 |
Општина Врапчиште |
Одговорено |
20-11-2019 |
Прашање:
Дневни центри и услуги за живење со поддршка и други нормативни услуги во заедницата.
Одговор:
Да, со повикот се поддржува овој тип на услуги
Прашање |
Социјални услуги |
06-09-2019 |
Марјан Пеев |
Одговорено |
06-09-2019 |
Прашање:
Почитувани,
Имам две прашања поврзани со објавениот Јавен повик до општините за изразување на интерес за аплицирање за гранд за развој на социјалните услуги.
1. Во проектот е обезбедена техничка помош за општините за проценка на потребите и побарувањата за социјалните услуги на локално ниво во периодот додека трае повикот за изразување на интерес, Како да ја искористиме техничката помош?, потребно ни е контакт од ваш претставник.
2. Една од главните цели на проектот е развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници наменети за ранливите групи грагани, Дали со грантовите ке се финансираат активности за изградба, реконструкција и санација на објекти или ке се финансираат само давање на услуги?
Со почит,
Одговор:
1. Министерството за труд и социјална политика преку проектот за подобрување на социјалните услуги има склучено договор со компанијата Finance think која треба преку теренско истражување да направи анализа и проценка на потребите од социјални услуги во секоја општина. Оваа компанија ќе ве контактира со цел заеднички да ги утврдите проценките
2. На веб сртраната на МТСП во банерот на проектот SSIP можете да го најдете Оперативниот прирачник за администрирање на грантови за социјалните услуги каде подетално се објаснети условите за финансирање на активности со средствата од грантовите.
Со почит,
Проект за подобрување на социјалните услуги
Министерство за труд и социјална политика
Прашање |
Социјални услуги |
24-08-2019 |
Анита Цоневска |
Одговорено |
02-10-2018 |
Прашање:
Во врска објавениот проект „Проект за подобрување на социјалните услуги“ , сакам да прашам дали таргет може да бидат децата од предучилишното образование односно јавните детски градинки или само ранливите групи , постару лица и лица со попреченост?? Исто и контакт број за директен контакт. Благодарам
Одговор:
Почитувана, децата од предучилишно образование не се целна група за овој проект. Со проектото еразвијат услугите дадени во новиот Закон за социјална заштита кој можете да го најдете на нашата веб страница
Прашање |
Пред училишно згрижување и воспитание |
05-08-2019 |
Мартин Инженеринг |
Одговорено |
05-08-2019 |
Прашање:
Почитувани,
Врска Барањето за изразување на интерес за Подготовка на Основни проекти за изградба на градинки во општините: Арачиново, Битола, Липково и Валандово (реф.бр. MK/SSIP # 2.1.2.1) во однос на обезбедување на стручен кадар, во делот IV. Потребни кавалификации за точка 3.2, не интересира дали инженерите мора да бидат вработени со доказ М1М2 образец во компанијата која ќе аплицира или може да се ангажираат надворешни лица со доказ Договори за ангажирање на физички лица инженери кои не се директно вработени во компанијата која пројавува интерес?
Со почит,
Одговор:
Почитувани,
Во Проектните задачи е наведено дека клучните лица мора да бидат формално вработени најмалку 6 месеци пред објавувањето на повикот кај компанијата која аплицира. Истото се докажува со М1М2 образец.
Со почит
Прашање |
Пред училишно згрижување и воспитание |
05-08-2019 |
Инком Инженеринг ДООЕЛ Скопје |
Одговорено |
08-05-2019 |
Прашање:
реф.бр. MK/SSIP # 2.1.2.1
реф.бр.MK/SSIP # 2.1.2.2
Ve molime za gorenavedenite oglasi, da ni dostavite dokumentacija, proektni zadaci, na makedonski jazik
Одговор:
Почитувани,
Проектните задачи ги имаме само на англиски јазик. Целокупната постапка која се води по правила на Светска банка вклучувајки го и дооговорот ќе биде на англиски јазик.
Со почи
Жалба |
Пред училишно згрижување и воспитание |
04-07-2019 |
Satki Miftaroski |
Одговорено |
04-07-2019 |
Прашање:
Почитувани, јас сум од населено место Дебреште кое брои околу 3000 жители и се наоѓа во општина Долнени која брои околу 14000 жители. Во оваа прилика сакам да протестирам или се жалам затоа што во општина Долнени има вкупно околу 800 деца на возраст од 1-6 годишна возраст а за жал до сега нема ниту една детска градинка во ниту едно од населените места. Во последниот повик од Мнистерството за изградба и доградба на објекти за детски градинки ,општина Долнени имаше аплицирано со две барања за две детски градинки но исто така за жал и двете се одбиени при тоа без да се побара некаква дополнителна документација до колку нешто не достасувало, во спротивно се градат и се промовираат детски градинки во општини каде вејќе има постоечки градинки и каде нема доволен број на деца како на пример во општините Крушево, Демирхисар, Македонски Брод или Кривогаштани. Сакам исто така да Ве информирам дека овој наш протест (жалба) ќе го проследиме и до Меѓународната банка за обнова и развој за да се запознаат и тие како не рационално и не сразмерно се користат доделените средства од страна на банката.
Со почит.
Одговор:
Почитувани,
Ви благодариме за поднесената жалба по однос на првиот Јавен повик до општините и општините во градот Скопје во Република Северна Македонија за апилицирање за грант за креирање на дополнителни места во предучилишните установи преку изградба, доградба и адаптација на постојни објекти објавен на 06.02.2019 година
Апликациите на општина Долнени не беа избрани на првиот јавен повик поради тоа што не беа доставени сите потребни документи согласно барањата наведени во самиот повик. За истото известена е и самата општина. Како Министерство за труд и социјална политика ги знаеме потребите на општината за предучилишните установи, и во следниот период ќе работиме на нивно задоволување, со почитување на сите пропишани процедури.
Со почит,