Скопје, 27.11.2025 – Ве информираме дека Министерство за социјална политика, демографија и млади, ќе финансира реновирање на Центарот за социјална работа во општина Струга и за таа цел Општина Струга и Вториот проект за подобрување на социјалните услуги на МСПДМ, објавуваат нацрт-документ за увид на јавноста во следните 14 дена:
Документи:
- Контролна листа на план за управување со животна средина и социјални прашања
- Образец за поплаки зa Контролна листа Струга
Иако влијанието на предвидените активности е мало, процедурата предвидува јавноста да биде информирана за степенот на влијание на ЖС. Заинтересираните граѓани може да достават коментари користејќи го приложениот образец или праќање на порака на следниoт емаил:
– zoran.apostoloski@mtsp.gov.mk (Единица за управување со проектот).
Документите се објавени и на веб сајтот на Општина Струга: https://www.struga.gov.mk/2025/11/24/rindertim-i-qendres-nderkomunale-per-pune-sociale-komuna-e-struges/


