Скопје, 24.11.2025 – Ве информираме дека Министерство за социјална политика, демографија и млади, ќе финансира реновирање на Центарот за социјална работа во општина Пробиштип и за таа цел Општина Пробиштип и Вториот проект за подобрување на социјалните услуги на МСПДМ, објавуваат нацрт-документ за увид на јавноста во следните 14 дена:
Документи:
- Контролна листа на план за управување со животна средина и социјални прашања.
- Образец за поплаки зa Контролна листа Пробиштип
Иако влијанието на предвидените активности е мало, процедурата предвидува јавноста да биде информирана за степенот на влијание на ЖС.
Заинтересираните граѓани може да достават коментари користејќи го приложениот образец или праќање порака на следните е-адреси:
- blagojcovski@probistip.gov.mk (е-пошта Општина Пробиштип)
- zoran.apostoloski@mtsp.gov.mk (е-пошта Единица за управување со проектот).
Документот е објавен и на веб сајтот на општината:
https://probistip.gov.mk/novosti/soopshtenie-za-renovirane-na-objektot-na-tsentarot-za-sotsijalni-raboti-probishtip/


