Одржана работилница со директорите и вработените на меѓуопштинските центри за социјална работа

Струмица, 22.03.2023 – Одржана работилница со директорите и вработените на меѓуопштински ЦСР на тема Kако до зголемување на стапката на запишани деца во предучилишните установи кои доаѓаат од домаќинства, корисници на гарантирана минимална помош и други семејства кои се наоѓаат во социјален ризик. Интерактивниот дел на работилницата овозможи доволно простор да се добијат информации и мислења од стручниот кадар вработен во центри за социјална работа, а другиот дел од времето беше посветен на вежби за зајакнување на тимската работа и вештините на комуникација.