Влијанието на летните одмори врз развојот на децата од 3 – 6 години

Летните одмори овозможуваат физички , емоционален и социјален развој кај децата од 3- 6 години.

За време на летните одмори се вклучуваат активности на отворено како пливање, игри на плажа, шетање во природа, возење велосипеди, тротинети и други спортски активности, преку кои се подобрува ситната и крупната моторика, координација на телото и се поттикнува физичката сила. Преку игровните активности кај децата се вежбаат движењата како трчање, скокање, игри со топка и вештини за градење со песок.

Самите летни одмори нудат можности да се поттикнува љубопитноста и децата да истражуваат и искуствено да учат нови работи за природата, животните, растенијата и екосистемите. Времето кое го поминуваат повеќе надвор ги поттикнува на развивање иновативност и креативност и тие создаваат со помош на природните материјали, измислуваат нови игри и секако ја развиваат и користат фантазијата во играта.

Летните активности за време на летните одмори даваат можност за поттикнување на самодовербата и независноста кај секое дете без разлика на возраста. Преку игра тие стекнуваат нови вештини, ги надминуваат стравовите од вода и се горди со себе за постигнатите успеси. Времето што го поминуваат со семејството и другарчињата, креирањето позитивни спомени го зголемува чувството на среќа и задоволство. Се зајакнуваат семејните врски и се развива чувството за припадност и сигурност.

Преку интеракција со другите деца кај нив се негуваат и развиваат социјалните вештини за комуникација и контакти. Учат да споделуваат, соработуваат и решаваат меѓу врснички конфликти. Летните одмори даваат можност да се стекнат нови пријателства и децата да ги развиваат социјалните вештини и обезбедуваат пауза од секојдневната рутина и структурираниот распоред во домовите.

Летните одмори се многу повеќе од време за одмор.

Претставуваат важен период за раст и развој на децата , можност за учење низ игра и забава и зајакнување на семејните врски.