Скопје, 27.12.2022 – Се одржа информативна средба со новите грантисти избрани во рамките на вториот повик за развој на социјални услуги, објавен од страна на Министерството за труд и социјална политика, кој се реализира во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, поддржан од Светска банка.
Присутни беа претставници од 17 општини и 12 организации. Обуката имаше за цел да ги запознае грантистите со основните фази на проектна реализација, временската рамка на проектните активности, процедурите за работа опишани во Оперативниот прирачник за администрирање грантови за развој на социјални услуги, предизвиците со кои што може да се соочат и препораки за нивно надминување.