Децата и пелтечењето

Говорното нарушување кое се карактеризира со повторување на зборови , продолжување на гласови или пак застој во говорот е пелтечење и го прави говорот неправилен. Пелтечењето се јавува често во нормалниот развој на говорот помеѓу втората и петтата година . се случува кај некои деца пелтечењето да трае подолго и да стане хронично.

Причини за јавување може да бидат генетски, невролошки, развојни и психолошко-социјални фактори.

Во семејствата каде родителите или блиски роднини имаат пелтечење, голема е веројатноста и самите деца да имаат пелтечење. Понекогаш пелтечењето може да биде поврзано со разликите во начините на кои мозокот ги обработува јазикот и говорот. Често знае да се појави кога децата учат нови зборови и се обидуваат да комбинираат зборови на нови начини. Секако и стресот, анксиозноста и притисокот од опкружувањето може да го влошат говорот.

Многу е важно родителите и воспитувачите да имаат трпение и разбирање за говорот на детето, да го охрабруваат со сто стресот ќе се намали кај децата. Да се создава опуштена атмосфера за разговор во која детето ќе се чуствува послободно при говорот. Со детето да се играат говорни игри , да се пеат песнички, да се раскажуваат кратки приказни кои ќе помогнат во развојот на говорот и пелтечењето полека ќе се намалува.

Раната интервенција ќе ја намали веројатноста за долготрајно пелтечење и посетата на логопед ќе даде придобивка со соодветен третман. Со соодветна поддршка децата го надминуваат пелтечењето и развиваат нормален и течен говор.