Адаптација на простории за услуга Дневен престој за стари лица со активно стареење во постојниот објект на Општина Пласница

Скопје 09.07.2026 – Ве информираме дека Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе финансира воспоставување на социјалната услуга дневен престој на стари лица со активно стареење. За таа цел, Општина Пласница објавува нацрт-документ:

Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални прашања.

Документот го опишува влијанието врз животната средина и социјалните аспекти при реализација на градежните активности.
Заинтересираните граѓани можат да достават евентуални коментари во наредните 14 дена, користејќи го приложениот ОБРАЗЕЦ или преку праќање порака на следните е-пошти:
– opstina_plasnica@yahoo.com (одговорно лице од Општина Пласница – Санела Амитоска)
– zoran.apostoloski@mtsp.gov.mk (одговорно лице од Единица за управување со проектот).