Скопје 09.07.2026 – Ве информираме дека Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе финансира воспоставување на социјалната услуга дневен престој на стари лица со активно стареење. За таа цел, Општина Јегуновце објавува нацрт-документ:
Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални прашања.
Документот го опишува влијанието врз животната средина и социјалните аспекти при реализација на градежните активности.
Заинтересираните граѓани можат да достават евентуални коментари во наредните 14 дена, користејќи го приложениот ОБРАЗЕЦ или со испраќање порака на следните е-пошти:
– anita.kostadinoska@outlook.com (одговорно лице од Општина Јегуновце)
– zoran.apostoloski@mtsp.gov.mk (одговорно лице од Единица за управување со проектот).


