Реновирање на неискористени општински простории за пренамена во предучилишни занимални во општина Босилово (Иловица)

Скопје, 28.11.2025 – Ве информираме дека Министерството за социјална политика, демографија и млади, во општина Босилово (Иловица) ќе финансира реновирање на неискористени општински простории за пренамена во предучилишни занимални.

За таа цел се објавува нацрт-документ: Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални прашања, за јавен увид во наредните 14 дена.

Документи:

Документот го опишува влијанието врз животната средина и социјалните аспекти при реализација на градежните активности. Заинтересираните граѓани можат да достават коментари за Контролната листа, користејќи го приложениот образец или со испраќање порака на следните е-пошти:

– v.dimitriev@gmail.com (Општина Босилово)

– zoran.apostoloski@mtsp.gov.mk (Единица за управување со проектот).

Документот е достапен и на веб сајтот на Општина Босилово:  https://opstinabosilovo.gov.mk/2025/11/28/kontrolna-lista-na-plan-za-upravuvanje/