Скопје, 03.11.2026 – Во рамките на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги, започнаа обуките „Средина за учење и инклузија“ за негувателите од установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст од Скопје. Во текот на наредните 12 месеци ќе бидат вклучени 2.100 негуватели од сите јавни детски градинки во Северна Македонија, обуките ќе ги води меѓународниот експерт Дарко Кобетиќ. Целта на програмата е професионален развој на стручниот кадар како и да се унапредат професионалните знаења и вештини на негувателите за создавање безбедна и инклузивна средина за учење, со посебен акцент на поддршката на децата со попреченост. Преку дводневни регионални обуки, негувателите ќе стекнат практични знаења, методи и материјали што ќе можат директно да ги применуваат во секојдневната работа со децата.



