Скопје 02.12.2025 – Ве информираме дека Министерството за социјална политика, демографија и млади, во општина Зелениково ќе финансира рехабилитирање на општински простории за пренамена во предучилишни занимални за групи во други просторни услови. За таа цел се објавува нацрт-документ: Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални прашања, за јавен увид во наредните 14 дена.
Документи:
- Контролна листа предучилишна инфраструктура – Зелениково
- Образец за коментари на Контролна листа – Зелениково
Документот го опишува влијанието врз животната средина и социјалните аспекти при реализација на градежните активности. Заинтересираните граѓани можат да достават коментари за Контролната листа, користејќи го приложениот образец или со испраќање порака на следни е-пошти:
– zoran.apostoloski@mtsp.gov.mk (Единица за управување со проектот)
Документот е објавен и на официјалната веб страна на општината: https://zelenikovo.gov.mk/.


