Скопје 02.12.2025 – Ве информираме дека Министерството за социјална политика, демографија и млади, во општина Велес ќе финансира реновирање на неискористени општински простории за пренамена во предучилишни занимални.
За таа цел се објавува нацрт-документ: Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални прашања, за јавен увид во наредните 14 дена.
Документи:
- Kонтролна листа на планот за управување со животната средина и социјалните прашања Велес
- Образец за коментари на Контролна листа Велес
Документот го опишува влијанието врз животната средина и социјалните аспекти при реализација на градежните активности. Заинтересираните граѓани можат да достават коментари за Контролната листа, користејќи го приложениот образец или со испраќање порака на следните е-пошти:
– marinela.velkovska@veles.gov.mk (лице од општина Велес)
– zoran.apostoloski@mtsp.gov.mk (Единица за управување со проектот).
Документот е објавен и на официјалната веб страна на општина Велес: https://veles.gov.mk/objavakontorlnalistaplanzaupravuvanje01122025/


