Скопје 02.12.2025 – Ве информираме дека Министерството за социјална политика, демографија и млади, во општина Чешиново-Облешево ќе финансира реновирање на општински простории за пренамена во предучилишни занимални. За таа цел се објавува нацрт-документ: Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални прашања, за јавен увид во наредните 14 дена.
Документи:
- Контролна листа предучилишна инфраструктура – Чешиново – Облешево
- Образец за коментари на Контролна листа – Чешиново – Облешево
Документот го опишува влијанието врз животната средина и социјалните аспекти при реализација на градежните активности. Заинтересираните граѓани можат да достават коментари за Контролната листа, користејќи го приложениот образец или со испраќање порака на следните е-пошти:
– info@cesinovo-oblesevo.gov.mk (Општина Чешиново-Облешево)
– zoran.apostoloski@mtsp.gov.mk (Единица за управување со проектот)
Документот е објавен и на официјалната веб страна на општината: https://cesinovo-oblesevo.gov.mk/контролна-листа-план-за-управување-со/


