Скопје 04.12.2025 – Ве информираме дека Министерството за социјална политика, демографија и млади, во општина Бутел ќе финансира рехабилитирање на општински простории за пренамена во предучилишни занимални за групи во други просторни услови. За таа цел се објавува нацрт-документ: Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални прашања, за јавен увид во наредните 14 дена.
Документи:
Документот го опишува влијанието врз животната средина и социјалните аспекти при реализација на градежните активности. Заинтересираните граѓани можат да достават коментари за Контролната листа, користејќи го приложениот образец или со испраќање порака на следни е-пошти:
– valentinaz.stefanovska@opstinabutel.gov.mk (Лице од Општина Бутел)
– zoran.apostoloski@mtsp.gov.mk (Единица за управување со проектот)
Документот е објавен и на официјалната веб страна на општината: https://opstinabutel.gov.mk/контролна-листа-на-план-за-управување/


