Адаптација со пренамена на дел од објект во населба Македонка, за згрижување на деца од предучилишна возраст во други просторни услови, клон на ЈОУДГ “ Вера Циривири Трена”, Општина Штип

Скопје 04.12.2025 – Ве информираме дека Министерството за социјална политика, демографија и млади, во општина Штип ќе финансира рехабилитирање на општински простории за пренамена во предучилишни занимални за групи во други просторни услови. За таа цел се објавува нацрт-документ: Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални прашања, за јавен увид во наредните 14 дена.

Документи:

Документот го опишува влијанието врз животната средина и социјалните аспекти при реализација на градежните активности. Заинтересираните граѓани можат да достават коментари за Контролната листа, користејќи го приложениот образец или со испраќање порака на следни е-пошти:

– svetleristov@gmail.com (Советник за заштита на животната средина Општина Штип)

– zoran.apostoloski@mtsp.gov.mk (Единица за управување со проектот)

Документот е објавен и на официјалната веб страна на општината: https://stip.gov.mk/plan-zsssp/.